Опис: Паразитот ги напаѓа сите надземни делови на растението. На листовите се развиваат влажни маслени дамки со неправилен облик. Потоа дамките се зголемуваат и стануваат кафеави. Листовите станувааат кожести, пожолтуваат, некрозираат и изумираат. Слични промени настануваат и на стеблото, посебно на врвните делови. Кај плодовите од пиперка се јавуваат повеќе или помалку пликови, кои честопати пукаат, поцрнуваат и плодовите изгледаат како крастави. А ако пликовите не пукнат, остануваат испапчени црни рани. Штетни последици прави со опаѓањето на листовите, што доведува до намалување на приносот. Патогенот најинтензивен развој има при температура од 300C. Се инактивира на температура од 560C. Влажното и топло време го помагаат развојот и ширењето на патогенот. Се одржува во заразено семе, се пренесува главно преку семето и заразен расад. Основна мерка во заштитата на пиперката е употреба на здраво семе за производство на расад, дезинфекција на семето, уништување на растителните остатоци. |