Име на болест: Алтернариски рак - Alternaria alternata
Култура: ДОМАТИ
Опис: Симптомите се на сите надземни делови. На листовите, стеблото, лисните дршки, чашкините ливчиња, па и по зелените плодови се развиваат многубројни, ситни, црни дамки со светлозелен до жолтеникав ореол. Повеќе се појавува во расад и пластеници. При ладно време во пластениците причинува опаѓање на цветовите и на штотуку заметнатите плодови, ако се нападнати цветните дршки. На стеблото се забележуваат крупни некрозни раковини со сива боја, со темнокафеави рабови и малку вдлабнати. Во раковините се забележуваат и пукнатини. Раковините можат да го прстенуваат стеблото, поради што настапува венење, па и сушење на погорните делови од растението. Alternaria alternata е паразит на слабост, напаѓа физиолошки заслабнати растенија. Спречувањето се изведува со соодветни фунгициди. Подобри резултати даваат бакарните препарати. Оваа болест е многу толерантна кон фунгициди.



повеќе слики >>

Препарати

CHAMP FORMULA 2FL

FUNGURAN-OH 50 WP

ACROBAT MZ WG

BAKAREN DITHANE

DITHANE NEOTEC

DITHANE NEOTECH

ELECTIS 75 WG

FANTIC M WG

GALBEN M

GALBEN M

GOLDFIX 80 WP

MANFIL 75 WG

MANFIL 80 WP

MANKOGAL 80

MANKOZEB 80 WP

MANKOZEB R

MANKOZEB R GOLD

MICEXANIL

PENNCOZEB WG

PRIMAT 80 WP

PROFILUX

RIDOMIL MZ 72-WP

RIDOSAN 72 WP

CABRIO TOP

ENERVIN

POLIRAM DF

ANTRACOL COMBI

ANTRACOL CU

ANTRACOL WG 70

ZUPINEB S-70

BRAVO 500 SC