Опис: Штетите ги причинуваат ларвите и имагата. Прават колонии на младите ластари од каде што смукаат големо количество на асимилати и обилно лачат медена роса. Растенијата поцрнуваат и рано напролет, веќе во мај ја губат лисната маса. Штетите остануваат и за наредната година бидејќи растението не може да создаде доволно родни пупки. Крушкината лисна болва е многу значаен и сериозен штетник и таа мора континуирано да се следи. За мониторинг на болвата се препорачува визуелен преглед на растенијата, жолти лепливи плочи, жолти водени садови. |