Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Chlorantraniliprole; Име на препарат: CORAGEN 20 SC |
Употреба: CORAGEN 20 SC е инсектицид со контактно и дигестивно дејство кој во својот состав содржи активна метрија хлорантранилипрол 200 g/L. Активната материја поседува авицидно и ларвицидно дејство кон сите стадиуми на ларви и кај некои имага. Парализа кај инсектот настапува после само неколку часа од апликацијата а за потполна контрола потребни се 2 - 4 дена. Предизвикува активација на рецепторите на рианодин со што се стимулира ослободување на калциумот кој е складиран во мазните и попречно пругасти мускули кај инсектите со што тие слабеат инсектот не може да ја контролира нивната работа, настапува парализа и на крајот инсектот изумира. Препаратот CORAGEN 20 SC е наменет за сузбивање на јаболков смотавец (Cydia pomonella), точкаст минер (Leucoptera scitella), мраморен минер (Phyllonorychter blancardella), сив гроздов молец (Lobesia botrana), праскин смотавец (Cydia molesta), компирова златица (Leptinotarsa decemlineata), голем зелкар (Pieris brassicae), мал зелкар (Pieris rapae), зелков молец (Plutella xylostella), пченкин пламенец (Ostrinia nubilalis), памукова совица (Helicoverpa armigera).Кај јаболката, праската и нектарината се препорачува концентрација од 0,016 - 0,02 % (1,6 - 2 ml препарат во 10 L вода) во периодот на полагање на јаца а пред пилење на ларвите, пред да се вбушат во плодот. Кај компирот се препорачува концентрација од0,05 - 0,06 % на почеток на пилење на ларвите но пред да се појават првите ларви од третата генерација. Кај виновата лоза се користи во концентрација од 0,015 - 0,018 % (1,5 - 1,8 ml во 10 L вода) за време на полагање на јацата, пред пилење на ларвите и вбушување во плодовите. Кај пченката се препорачува концентрација од 0,1 - 0,15 % (10 - 15 ml на 10 L вода) во период на полагање на јаца, пред пилење и на почеток на пилење на гасеницата). Кај доматот и зелката се препорачува концентрација од 0,14 - 0,2 % (14 - 20 ml на 10 L вода). Кај доматот апликацијата треба да се направи во периодот на пилење на јајцата односно при масовен лет на имагата во интервали од 7, 10 и 14 дена. Кај зелката апликацијата треба да се направи за време на полагање на јајцата а пред пилење на гасеницата. Предупредување: Препаратот не е штетен за цицачите, птиците, пчелите и дождовните црви. Поради новиот механизам на дејство одлично ги сузбива инсектите кај кои е забележана намалена осетливост кон инсктициди од другите групи. За да се обезбеди овицидно десјтво на јајцата од инсектот тие треба да бидат положени на веќе истретирана површина. затоа најголема ефикасност од препаратот е забележана коге се прскаат јајцата пред пилење. Не се испира од дождот. Одлично деслува на инсектите од класата на пеперутки (Lepidoptere). Дозволени се до две апликации во текот на сезоната. Каренца: 14 - дена за јаболчести овошни видови, праска, компир и пченка. 28 - дена за винова лоза. 1 - ден за зелка и домат. |
Добавувач: ДПУ „АГРИМАТКО“ ДООЕЛ - Скопје Производител: DU PONT DE NEMOURS S.A.S |