Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Deltamethrin;
Име на препарат: K-Obiol 25 EC

Употреба:

K-Obiol 25 EC e контактен и дигестивен инсектицид со широк спектар на дејство, ефикасен и во многу ниски дози. Содржи 2,5% активна метрија делтаметрин. Наменет е за сузбивање на складишни штетници кај житни култури и во празни складишта. Кај житни култури се препорачува доза од 2 L во 33 L вода на 100 t зрна. За заштита на јаболката од јаболковата зелена вошка, јаболковата сива вошка, минер на округли мини и јаболкова оса се препорачува доза од 0,03 % - 0,05 %. За заштита од јаболков свиткувач потребна е доза од 0,02 % - 0,03 %. Кај виновата лоза се користи во концентрација од 0,03% - 0,04 % за сузбивање на сив и жолт гроздов молец. Кај компир се порепорачува доза од 0,3 L/ha за сузбивање на компирова златица но само во области каде не е забележана отпорност на компировата златица кон синтетичките пиретроиди. Кај маслодајната репка се препорачува доза од 0,3 L/ha за сузбивање на репиниот сјаник. Кај пченицата се препорачува во доза од 0,2 - 0,3 L/ha за сузбивање на лисни вошки и лема, најмногу 2 пати годишно. Кај украсните растенија во заштитен простор во доза од 0,7 L/ha за заштита од мува, лисни минери и трипси. Спектар на дејство: Agrotis segetum, Apotimus spp., Aphididae, Athalia colibri, Bothynoderes punctiventris, Carpocapsa pomonella, Cemiostoma scitella, Chaetocnema tibialis, Cydia molesta, Cydia pomonella, Dacus oleae, Erannis defoliaria, Eupoecilia ambiquella, Euproctis chrysorrhoea, Hoplocampa spp., Lema melanopa, Leptinotarsa decemlineata, Lithocolletis corylifoliella, Lobesia botrana, Lymantria dispar, Meligethes aeneus, Myzus persicae, Operophthera brumata, Ostrinia nubilalis, Prays oleaellus, Psyllidae, Phorodon humuli, Rhagoletis cerasi, Thrips tabaci, Tortrix viridana, Trialeurodes vaporariorum и др. Во складишта ефиксно ги сузбива: Acanthoscelides obtectus, Cryptolestes spp., Ephestia spp., Oryzaephilus surinamensis, Plodia interpunctella, Rhyzopertha dominica, Sitophilus spp., Sitotroga cerealella, Tribolium spp. Може да се употреби и за премачкување на стеблата кај дрвенестите видови при што ги штити од Bostrychus capucinus, Calotermes flavicolis, Cerambicidae, Corrodentia, Cossidae, Isoptera, Platypus cylindrus, Scolytidae, Xyleborus monographus, Xyloterus signatus.


Предупредување:


Каренца:

За складишта: Работна каренца 24 часа. 48 часа по употребата на K-OBIOL EC 25 третираните жита не смеат да се користат како храна за животни. За пликација во тек на вегетација: последното пркање пред собирање на компирот и берба на јаболката треба да биде 7 дена, пред берба на грозјето 21 ден. 35 дена за житни култури, а пред жетва на маслодајна репка 42 дена.



Добавувач: ДПТУ „ПРИМАТЕКС“ - Скопје / веб страница
Производител: BAYER ENVIRONMENTAL SCIENCE