Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Alfa-Cypermethrin; Име на препарат: DIREKT |
Употреба: DIREKT e контактен и желудечен инсектицид со широк спектар на дејство. Делува на имага и на ларви во многу ниски концентрации. Кога се употребува кај зелкови култури потребно е да се додаде наквасувач. Кај овошните видови се употребува во концентрација од 0,015 - 0,018 % за сузбивање на јаболков свиоткувач, во концентрација од 0,015 - 0,025 % за сузбивање на јаболкова оса пилатка. Во концентрација од 0,012 - 0,015 % за сузбивање на лисни вошки и прасков свиткувач. Концантрација од 0,018 - 0,02 % за сузбивање на крушкова лисна болва. Концентрација од 0,015 - 0,025 % за заштита од црна и жолта сливова оса и концентрација од 0,01 - 0,012 % за заштита од гасеници. Кај виновата лоза потребна е концентрација од 0,012 - 0,015 % за сузбивање на сив и жолт гроздов молец а концентрација од 0,02% - 0,025% за сузбивање на Metcalfa pruinosa. Кај зелковите култури за сузбивање на зелков молец потребна е концентрација од 0,08 - 0,12 l/ha при што потребно е да се додаде наквасувач. За заштита на домат и краставица во заштитен простор потребна е концентрација од 0,02 - 0,025 % за заштита одцветен штитест молец и бела мушичка. Кога се употребува кај краставицата потребно е да се додаде наквасувач. За заштита на украсни растенија во заштитен простор се препорачува концентрација од 0,012 - 0,018 % за сузбивање на трипси. Кај компирот во доза од 100 -120 ml/ha за сузбивање на компирова златица а кај житните култури во доза од 100-120 ml/ha2 за заштита од лема (Oulema melanopus). Кај маслодавната репка во доза од 0,1 L/ha за сузбивање на репин сјајник и репина оса. Кај шеќерната репка во доза од 0,15 – 0,175 L/ha за заштита од лисна совица и 0,2 L/ha за заштита од почвени совици. Кај украсните растенија во заштитен простор се препорачува во доза од 2 -2,5 ml во 10 L вода за заштита од стакленички штитест молец а 12-18 ml во 100 L вода за заштита од трипс. Кај шумските видови за заштита од млади развојни облици на гасеници (прва и втора генерација) се препорачува во доза од 0,10 L/hа. Спектар на дејство: Agrotis segetum, Aphididae, Athalia colibri, Autographa gamma, Cydia molesta, Carpocapsa pomonella, Cydia pomonella, Eupoecilia ambiquella, Hoplocampa flava, Hoplocampa flava, Hoplocampa minuta, Hoplocampa testudinea, Hyphantria cunea, Lema melanopa, Leptinotarsa decemlineata, Lobesia botrana, Lymantria dispar, Mamestra brassicae, Mamestra oleracea, Meligethes aeneus, Metcalfa pruinosa, Plutella maculipennis, Polychrosis botrana, Psylla pyri, Thrips spp., Trialeurodes vaporariorum и др. Предупредување: Каренца: 14 дена за компир, домат, краставица и овошни видови.21 ден за винова лоза, 28 дена за сточна и шеќерна репка и за зелка, 35 дена за житни култури, 42 дена за маслодајна репка, тутун и цитрусно овошје. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ ДОО - Скопје Производител: VETERINA DOO |