Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Lambda cyhalothrin; Lambda-Cyhalothrin; Име на препарат: KARATE ZEON 5 SC |
Употреба: KARATE ZEON 5 SC e несистемичен контактен инсектицид формулиран во стабила суспензија кој има широка примена. Содржи активна материја 50 g/L ламбда цихалотрин. Ефикасно ги сузбива инсектите од класата на Lepidoptera, Coleoptera и Homoptera а дејствува и кон пајачињата (Tetranychidae). ПЧЕНИЦА, ЈАЧМЕН; РЖ и ОВЕС: 0,15 L/ha. ШЕЌЕРНА РЕПКА и СТОЧНА РЕПКА: 0,15 L/ha за сузбивање на лисни вошки, бухач и други инсекти со устен апарат за бодење и смукање и грицкање. МАСЛОДАЈНА РЕПКА: 0,15 L/ha за сузбивање на лисни вошки, репина пипа, репин сјајник и други инсекти со устен апарат за грицкање. КОМПИР: 0,15 L/ha за сузбивање на лисни вошки. ПРАЗ, ЦЕЛЕР, ГРАШОК и ГРАВ: 0,15 L/ha за сузбивање на лисни вошки и други инсекти со устен апарат за грицкање и бидење и смукање. ПИПЕРКА, ДОМАТ, МОДАР ПАТЛИЏАН и СПАЊАК: 0,15 L/ha за сузбивање на лисни вошки и други инсекти со устен апарат за цицање и грицкање а во доза од 0,2 L/ha за суабивање на цветниот штитест молец. КЕЉ, ЗЕЛКА и РОТКВИЦА: 0,2 L/ha за лисни вошки, совици, цветен молец а 0,15 L/ha за суабивање на други инсекти со устен апарат за цицање. КРАСТАВИЦА: 0,1 - 0,15 L/ha за суабивање на лисни вошки, совици а 0,2 l/ha за сузбивање на цветниот штитест молец. КРУША: 0,018 % за обична крушкова болва. ХМЕЉ: 0,007 – 0,01 % (0,7 -1 ml на 10 L вода). Спектар на дејство: Agrotis segetum, Aphididae, Anarsia lineatella, Autographa gamma, Athalia colibri, Bothynoderes punctiventris, Brevicorynae brassicae, Carpocapsa pomonella, Ceutorhhynchus picitarsis, Chaetocnema tibialis, Cydia funebrana, Cydia molesta, Cydia pomonella, Erannis defoliaria, Eupoecilia ambiquella, Eurygaster spp., Laspeyresia funebrana, Lema melanopa, Leptinotarsa decemlineata, Lobesia botrana, Lyonetiidae, Mamestra brassicae, Mamestra oleracea, Meligethes aeneus, Operophthera brumata, Plutella xylostella, Psylla pyri, Thrips tabaci, Tortrix viridana, Trialeurodes vaporariorum и др. Предупредување: Да не се аплицира на температури повисоки од 20 - 25 °C. Дозволен е еден третман годишно а за слата и сончоглед два третмана во вегетација. Каренца: 3 дена за ротквица, пиперка, краставица, домат, модар патлиџан, праз и спањак. 7 дена за целер, грашок, грав и компир.14 дена за круша. 15 дена за шеќерна и сточна репка. 21 ден за хмељ, зелка, и кељ. 28 дена за маслодајна репка, 30 дена за јачмен, пченица, рж, овес. |
Добавувач: „ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Скопје / веб страница Производител: SYNGENTA LIMITED |