Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Deltamethrin; Име на препарат: RITMUS |
Употреба: RITMUS e инсектициид со контактно и дигестивно дејство. Содржи активна материја делтаметрин во концентрација од 25 g/L. Има широк спектар на дејство и се употребува за сузбивање на повеќе видови на штетници кај различни култури како лук, кромид, модар патлиџан, репка, тиква, аспаргус, спањак, јагода, сончоглед, зелка, пченка, компир, домат, морков, тутун и др. Кај овоштарството кај јаболката може да се употреби во концентрација од 0,03 % - 0,05 % за суабивање на јаболковата лисна вошка, јаболковата сива вошка, минерот на округли мини, јаболковата оса. Во концентрација од 0,02 % - 0,03 % за сузбивање на јаболков смотавец. Кај виновата лоза во концентрација од 0,03% - 0,04 % за сузбивање на сив и жолт гроздов молец. кај компирот во концентрација од 0,3 L/ha за суабивање на компирова златица но само на оние површини каде што сеуште не се регистрирани резистентни соеви од компирова златица на синтетички пиретроиди. Маслодајна репка во доза од 0,3 L/ha за суабивање на репин сјајник. Кај пченица во доза од 0,2 - 0,3 L/ha за сузбивање на лема и лисни вошки. Кај украсните растенија во заштитен простор се препорачува концентрација од 0,7 L/ha за суабивање на мува, лисен минер и трипс. Спектар на дејство: Agrotis segetum, Apotimus spp., Aphididae, Athalia colibri, Bothynoderes punctiventris, Carpocapsa pomonella, Cemiostoma scitella, Chaetocnema tibialis, Cydia molesta, Cydia pomonella, Dacus oleae, Erannis defoliaria, Eupoecilia ambiquella, Euproctis chrysorrhoea, Hoplocampa spp., Lema melanopa, Leptinotarsa decemlineata, Lithocolletis corylifoliella, Lobesia botrana, Lymantria dispar, Meligethes aeneus, Myzus persicae, Operophthera brumata, Ostrinia nubilalis, Prays oleaellus, Psyllidae, Phorodon humuli, Rhagoletis cerasi, Thrips tabaci, Tortrix viridana, Trialeurodes vaporariorum и др. Кога се употребува како десикант ги сузбива: Acanthoscelides obtectus, Cryptolestes spp., Ephestia spp., Oryzaephilus surinamensis, Plodia interpunctella, Rhyzopertha dominica, Sitophilus spp., Sitotroga cerealella и Tribolium spp. Дрвенестите (шумските) видови ги штити од Bostrychus capucinus, Calotermes flavicolis, Cerambicidae, Corrodentia, Cossidae, Isoptera, Platypus cylindrus, Scolytidae, Xyleborus monographus и Xyloterus signatus. Предупредување: Кај пченицата дозволени се до две апликации во една година. Каренца: Последното прскање пред вадење на компирот треба да биде 7 дена, јаболка 7 дена, грозје 21 ден, житни култури 35 дена, маслодавна репка 42 дена. |
Добавувач: ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ - Скопје / веб страница Производител: PROBELT S.A. / веб страница |