Средства за заштита: АКАРАЦИДИ
Активни материи: Chlorpyrifos; Chlorpyrifos;
Име на препарат: DURSBAN 4E

Употреба:

DURSBAN 4E е органофосфатен инсектицид и акарицид со широк спектар на дејство. Дејствува против фолијарни и почвени штетници од фамилијата на пеперутки, минери, свиткувачи, трипси и бумбари, во сите фази од нивниот развој (имаго, ларва, јајце). Содржи 480 g/L активна материја хлорпирифос. Поседува контактно и дигестивно дејство а дејствува и преку своите пареи со што ги заштитува и тешко достапните места кај растенијата. Може да се употреби со секаков вид на фолијарни распрскувачи. За заштита на овошните видови (фолијарно) се препорачува во доза од 1 - 1,5 L/ha (50 - 75 ml на 20 L), кога ќе се појават првите знаци на напад. По потреба третманот може да се повтори. За заштита на кората потребно е да се третира секое стебло со 150 ml (75 ml на 20 L вода) околу основата на стеблото, почвата околу него се до висина од 50 - 90 cm, непосредно пред сезоната на дождови. За заштита на зеленчук (зелкови и лукови култури, домат, грав и др.) потребна е доза од 1,25 - 1,5 L/ha (50 - 75 ml на 20 L вода), кога ќе се забележат првите знаци на напад. Третманот по потреба може да се повтори два пати во интервал од 10 - 14 дена. Потребно е да се обезбеди добра покриеност на растенијата со препаратот. За заштита на украсните растенија се препорачува доза од 1,5 - 2 L/ha (75 - 100 ml на 20 L вода) кога ќе се забележат првите знаци на напад. Кај осетливите видови (посебно кај ружата) потребно е да се напарви тест за фитотоксичност. За заштита на памукот се препорачува во доза од 1.5 - 2.5 L/ha (80 ml на 20 L вода) на почеток на нападот. За заштита од почвени штетници кај градинарските култури, житните култури, компир, тутун, банана и ананас се препорачува 200 ml препарат во 20 L вода. За уништување на гнезда од термити се залева почвата со 5 L раствор на местото каде што се наоѓа нивното гнездо. Кај расадници се аплицира со прскање.


Предупредување:

DURSBAN 4 E е компатибилен со повеќето фунгициди и инсектициди вклучително и со ципермерин. Не треба да се меша со препарти на база на бакар и препарти кои имаат изразрено алкална средина. Пестицидот е лесно испарлив и треба да се биде претпазлив при ракување со него. Може да се употреби на сите видови зеленчукови култури освен на видовите оф фамилијата на тикви (Cucurbitaceae).


Каренца:

Зеленчук 21 ден. Морков и житни култури 14 дена.



Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница
Производител: DOW Agro Sciences V.M.B.H