Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Abamectin;
Име на препарат: VERTIMEC 018 EC

Употреба:

а) јаболка и круши за сузбивање на:

     ‐ Лисни болви (Psylla spp.), во количина од 0,75 – 1,5 L/ha (75 mL/100 L вода).

Производот се применува после опаѓање на цветните ливиња или на новите генерации при појавата на првите ларви;

     ‐ Црвен овошен пајак (Panonychus ulmi), Tetranychus urticae, Aculus sclechtendali, Leucoptera malifoliela и Phyllonorycter               blancardella, во количина од 0,75 – 1,5 L/ha (75 mL/100 L вода).

      Производот се применува после опаѓање на цветните ливиња.

      Се препорачува во распрскувачот да се додаде 0,25% минерално масло или одредена пропишана концентрација на некој         навлажнувач за подобрување на дистрибуцијата и впивањето на распрскувачот;

б) портокали, мандарини, клементини и лимони, за сузбивање на:

     ‐ Лисен минер на агруми (Phyllocnistis citrella), во количина од 0,375-0,75 L/ha (37,5 mL/100 L вода).

     Производот се применува при појава на првите единки  од штетникот на ластарите во развој. Против овој штетник се препорачуваат две третирања во интервали од 14 дена. Доколку производот се применува само еднаш, количеството за употреба е 0,75 L/ha (75 mL/100 L вода);

      ‐ Tetranichus urticae и Panonychus citri, во количина од 0,75-1,0 L/ha (75 mL/100 L вода).

      Производот се применува при појава на првите подвижни стадиуми.

      Се препорачува во распрскувачот да се додаде 0,25% минерално масло или одредена пропишана концентрација на некој навлажнувач за подобрување на дистрибуцијата и впивањето на распрскувачот;

в) винова лоза, за сузбивање на:

      ‐  Panonychus ulmi, Tetranychus urticae и Eotetranychus carpini, во количини  од 0,75 L/ha (75 mL/100 L вода).

      Производот се применува при појава на првите подвижни стадиуми, присутни на 70% од листовите.

д) малини и капини, за сузбивање на:

     ‐ Tetranichus spp. и Panonychus spp., во количина од 0,75-1,2 L/ha (75-100 mL/100 L вода).

     Производот се применува при појава на првите подвижни стадиуми.

ѓ) домат, пиперка, краставица, диња и лубеница на отворено и во заштитен простор, за сузбивање нa:

    Tetranichus spp. и Aculus lycopersici, во количина од 0,3-1,2 L/ha (60 mL/100 L вода). 

     Производот се применува при појава на првите подвижни стадиуми.

     ‐ Ларви на Frankliniella spp., во количина од 0,75-1,2 L/ha (75 mL/100 L вода).

     Производот се применува со појавата на првите ларви.

    Liriomyza spp., во количина од 0,3-1,2 L/ha (60 mL/100 L вода). 

     Производот се применува на почетокот на снесување на јајцата. Треба да се извршат два третмани, во интервал од 7-10 дена.

е) салата и рукола, за сузбивање на:

    ‐ Лисни минери Liriomyza spp. и Frankliniella spp., во количина од 0,3-1,2 L/ha (60 mL/100 L вода).

     Производот се применува на почетокот на снесување на јајцата, односно при појава на првите ларви. Третирањето да се повтори после 7-10 дена.


Предупредување:

Производот VERTIMEC 018 EC не смее да се користи за време на цутење.

Не смее да се меша со други производи за заштита на растенијата.


Каренца:

‐    3 дена за:

диња, лубеница, краставица и пиперка;

‐    7 дена за:

домат, малини и капини;

‐    10 дена за:

портокали, мандарини, клементини и лимон;

‐    14 дена за:

круши, праски нектарини, салата и рукола

‐    28 дена за:

јаболка и винова лоза

 



Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница
Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница