Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Chlorpyrifos; Cypermethrin;
Име на препарат: CHLORCYRIN 550 EC

Употреба:

CHLORCYRIN 550 EC е инсктицид кој во својот состав има две активни материи: хлорпирифос етил (500 g/L) и cipermetrin (50 g/L). Циперметрин е пиретроид кој дејствува на нервниот систем на инсектите поради што ефектот од неговото дејство брзо се забележува. Хлорпирифос етил е органофосфорен инсектицид кој ја инхибира синтезата на ензимот естераза кој ушествува во преносот на нервните импулси. Комбинацијата од овие две активни материи овозможува ефикасна контрола на штетниците. Дејствува контактно и дигествно преку своите пареи. Се препорачува потрошувачка на вода од 30 - 100 L/da во зависност од големината на лисната маса. УПОТРЕБА 1. Винова лоза - За сузбивање на гроздов молец (Lobesia botrana), Eupoecilia ambiguella, Sparganothis pillerianaво доза од 60 ml/da кога ќе се појави штетникот во период од почеток на развивање на плодот па се до затворање на гроздовите (72-70 BBCH). - за суабивање на лозови цикади (Scaphoideus titanus, Empoasca vitis) кога ќе се појави штетникот во доза од 60 ml/da во период од фаза на втор отворен лист до почеток на формирње на плодот (12-70 BBCH). - За сузбивање на Empoasca vitis во доза од 80 ml/da во период од 12-70 BBCH - За суабивање само на Lobesia spp. се препорачува концентрација од 0,025% (25 ml/da). 2. Пченица - За сузбивање на лема (Oulema melanopa) во доза од 50 - 80 ml/da во период од појава на инсектот па се до крај на класање (до целосна појава на класот но пред цветање) односно до фенофаза 59 BBCH. 3. Јачмен и овес - За сузбивање на лема (Oulema melanopa) во доза од 50 ml/da во период од појава на инсектот па се до крај на класање (пред цветање) односно до фенофаза 59 BBCH. 4. Пченка - За сузбивање на пченкин пламенец (Ostrinia nubilalis) во доза од 80 ml/da од појава на штетникот до крај на појава на метлицата (59 BBCH), пред цветање. 5. Компир - за сузбивање на компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) и лисни вошки (Aphis nasturtii, Myzus persicae) во доза од 80 ml/da во период кога ќе се појави штетникот од фаза на појава на 5 цвбета на главното стебло се до формирње на кожичка на клубенот (15 - 49 BBCH). 6. Цвекло и репка - за сузбивање на Mamestra brassicae и лисни вошки (Aphis spp.) во доза од 80 ml/da од фаза кога листовите покриваат 10% од површината па се до фаза на техничка зрелост (31 - 49 BBCH). 7. Домат и модар патлиџан - за употреба само на отворен простор - се препорачува за сузбивање на гасеници од (Helicoverpa armigera), египетска памукова нощенка (Spodoptera littoralis), компиров молец (Phthorimaea operculella), пеперутки од родот Pieris sp., молци (Plutella sp.), совици (Mamestra sp., и Autographa sp.), праскова лисна вошка (Myzus persicae) и компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) во доза од 80 ml/da кога ќе се појават штетниците од фаза на почеток на цветање до фаза кога 30% од плодовите имаат зрела боја (50 -83 BBCH). - за сузбивање на лисни вошки во доза од 80 ml/da од појава на вегетативните органи на растението до 40 BBCH. 8. Зелкови култури - за сузбивање на голем зелкар (Pieris brassicae), репина пеперутка (Pieris rapae), зелкова совица (Mamestra brassicae) во доза од 80 ml/da од фаза на 9 или повеќе вистински листа до достигнување на вистинската големина (19 - 49 BBCH). 9. Маслодавна репка и синап - за сузбивање на репин цветојад (Meligethes aeneus), рапичен стъблен скритохоботник (Ceuthorhynchus napi), репина стеблена болва (Psylliodes chrysocephala), (Phyllotreta nemorum) во доза од 60 ml/da. За сузбивање на репин цветојад од фаза на бутонизација до видливи први венечни ливчиња (цветни папки сеуште затворени, жолта пупка, пред цветање) од 50 -59 BBCH. За сузбивање на Ceuthorhynchus napi во период од 31 - 53 BBCH. За репина стеблена болва (Psylliodes chrysocephala) и Phyllotreta nemorum треба да се третира од фаза на оформено стебло до фаза на појава на првите венечни ливчиња (жолта пупка) пред цветање (30 - 59 BBCH). 10. Памук - за суабивање на розов памуков црв (Pectinophora gossypiella) и памукова совица (Heliothis armigera) во доза од 50 ml/da кога ќе се појават штетниците од фаза крај на цветање до фаза 90% од семениците се со конечна големина (69 - 79 BBCH). Употребата е дозволена само за памук наменет за текстилната индустрија.


Предупредување:

Не смее да се применува на : коренестиот зеленчук,салатата.младиот лук,кромидот и младиот компир Не смее да се меша со алкални препарати. Третирање од воздухоплов не е дозволено. Во текот на една година препаратот на иста површина може да се користи 2 пати а само еднаш за третирање на почвата. Апликацијата треба да се направи кога времето е мирно а температурите не се повисоки од 23-24 степени целзиусови.


Каренца:

60 дена за пченка, пченица, репка, цвекло, маслодавна репка, синап 21 ден компир, винова лоза, зелкови култури, 5 дена за домат и модар патлиџан.



Добавувач: ТДПТДУ „АГРОЈУНИКОМ“ ДООЕЛ - Скопје
Производител: AGRIPHAR S.A. / веб страница