Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Dimethoate; Име на препарат: ROGOR L40 |
Употреба: ROGOR L40 e системичен инсектицид-акарицид со контактно и желудочно дејство. Содржи активна материја диметоат 406 g/L од групата на органофосфатни инсектициди. Дејствува контактно и системично преку инхибирање на холин-естераза, преносител на нервните импулси. Rogor L 40 претставува инсектицид со широк спектар, способен да се абсорбира во растението и да се пренесува кон деловите на активен пораст. Оваа особина го прави извонредно ефикасен против инсекти кои се хранат со шмукање (лисни вошки), како и при контрола на овошните муви кај голем број овошки. Не треба да се користи за суабивање на инсекти кои развиле резистентност кон огранофосфатни соединенија. ОВОШКИ - против лисни вошки (Aphis citriola, Toxoptera surantii и Aphis gossypii): 65-90ml за 100 L вода (максимум 1,9 L препарат на хектар). дозволени се до две апликации во сезона. ПЧЕНИЦА, `РЖ, ТРИТИКАЛE - Лисни вошки 70ml/1000m2 (да се третира на крајот на цветањето, доколку на неговиот почеток се присутни 5 или повеќе лисни вошки по клас со тенденција на зголемување по неколку дена). - Житна пијавица: 55ml/1000m2 при појавување на наездата. АСПАРАГУС: - Мува на аспарагус 70-90ml. - Белокрилка и лисни вошки на аспарагус: 90ml. ЦВЕКЛО, РЕПКА, ШЕЌЕРНА РЕПКА, СТОЧНА РЕПКА: - Мува,лисни вошки: 70-90 ml; - Сминтуриде: 55ml. ДОМАТ и МОДАР ПАТЛИЏАН - Во полно поле: Лисни вошки, Белокрилка, Совици: 70-100ml. Пајачиња(Eriophidae): 90-100ml. ШЕЌЕРНА РЕПКА: - Мува на репката: 90ml. - Сминтуриде: 55 ml. ТУТУН: - пеперутки: 55-100ml, - белокрилка, лисни вошки и трипси: 70-90ml. ПАМУК: - Белокрилка: 90ml. КАРАНФИЛ: - Лисни вошки, Муви, мува на каранфилот (hylemia brunescens): 70ml. Предупредување: Да не се користи ROGOR® L 40 во прскања со мала количина на видовите маслинки Коралина, Симона, Канино, Вернина, Марсела, Франтоло, Итрана, Босана и евентуални други чувствителни. Да не се иритираат кајсиите на видовите Бекуча и Алесандрина, горчлив портокал, кедрите и лимоните на видот интердонато и хризантема. Ризици за штетност: производот е токсичен за корисните инсекти. Каренца: 14 дена за аспарагус: 21 ден за овошки, домат, модар патлиџан; 20 дена за тутун, 28 дена за маслинка, поледелски култури; 30 дена за шекерна репа, репка, цвекло, 100 дена за кисело овошје. |
Добавувач: „ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Скопје / веб страница Производител: CHROMOS AGRO D.D. |