Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Deltamethrin;
Име на препарат: DECIS EC-2,5

Употреба:

Decis 2,5 EC е инсектицид со брзо контактно и дигестивно дејство. Содржи активна материја делтаметрин 25 g/L. Се користи за сузбивање на штетници кај јаболка, круша, слива, цреша, вишна, маслинка, винова лоза, хмељ, стрни жита, пченка, компир, домат, маслодајна репка, тутун, краставица. 1) Во насади на јаболка се користи за сузбивање на: a) јаболкин смотавец(Cydia pomonella) во концентрација од 0,02-0,03 % (2-3 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 600-1000 l/ha (6-10 l нa 100 m2); b) растителни вошки (Aphididae),јаболкова лисна оса (Hoplocampa testudinea), минери (Leucoptera scitella, Lithocolletis corylifoliella, Lithocolletis blancardella, Lyonetia clerkella) во концентрација 0,03-0,05% (3-5 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 600-1000 l/ha (6-10 l на 100 m2); 2) Во насади на круша се користи за сузбивање на: a) обичка крушкина болва (Psylla pyri) во концентрација 0,05% (5 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 600 - 1000 l/ha; b) крушкина оса (Hoplocampa brevis) во концентрација од 0,03-0,05% (3-5 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 600 - 1000 l/ha; c) пепеласта крушкина вошка (Dysaphis pyri) во концентрација од 0,02-0,03% (2-3 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 600 - 1000 l/ha; 3) Во насди на праска се користи за сузбивање на: a) растителни вошки (Aphididae), во концентрација од 0,03-0,05% (3-5 ml во10 l вода) со потрошувачка на вода од 600-1000 l/ha (6-10 l на 100 m2); b) праскин смотавец (Cydia molesta), во концентрација 0,05 % (5 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 600-1000 l/ha (6-10 l на 100 m2); 4) Во насади на слива се користи за сузбивање на : - жолта сливина оса (Hoplocampa flava), црна сливина оса (Hoplocampa minuta) и растителни вошки (Aphididae), во концентрација од 0,03-0,05% (3-5 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 600-1000 l/ha (6-10 l нa 100 m2); 5) Во насади на цреша: a) растителни вошки (Aphididae), во концентрација од 0,03-0,05% (3-5 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 600-1000 l/ha (6-10 l нa 100 m2), b) црешина мува (Rhagoletis cerasi), во концентрација 0,07% (7 ml во 10 l вода) и потрошувачка на вода од 600-1000 l/ha (6-10 l нa 100 m2); 6) Во насади на вишна се користи за сузбивање на: a) црешина мува (Rhagoletis cerasi), во концентрација од 0,07% (7 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 600-1000 l/ha (6-10 l нa 100 m2); b) растителни вошки (Aphididae) во концентрација од 0,03-0,05% (3-5 ml нa 100 m2) со потрошувачка на вода од 600-1000 l/ha (6-10 l нa 100 m2); 7) Во насади на винова лоза може да се користи за сузбивање на: жолт гроздов молец (Eupoecillia/Clysia ambiguella) и сив гроздов молец (Lobesia/ Polychrosis botrana), во концентрација од 0,03-0,04 % (3-4 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 600-1000 l/ha (6-10 l нa 100 m2), за сузбивање на првата генерација; 0,05-0,07 % (5-7 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 600-1000 l/ha (6-10 l нa 100 m2), за сузбивање на втората генерација; 8) Во насади на хмељ се користи за сузбивање на растителни вошки (Phorodon humuli), во концентрација од 0,04-0,06% (4-6 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 600-1000 l/ha (6-10 l нa 100 m2); 9) Во насади на стрни жита се користи за сизбивање на растителни вошки (Aphididae) и житна пијавица (Lema melanopus), во количина од 0,2-0,3 l/ha (2-3 ml нa 100 m2) со потрошувачка на вода од 200-400 l/ha (2-4 l нa 100 m2); 10) Кај пченката се користи за суабивање на пченкин пламенец (Ostrinia nubilalis), во количина од 0,4 - 0,5 l/ha (4-5 ml нa 100 m2) со потрошувачка на вода од 200-400 l/ha (2-4 l нa 100 m2); 11) Во насади на компир се користи за сузбивање на: a) компирова златица (Leptinotarsa decemlineata), во количина од 0,3 l/ha (3 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 200-400 l/ha (2-4 l нa 100 m2); б) лисна вошка (Myzus persicae) во количина од 0,3-0,5 l/ha (3-5 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 200-400 l/ha (2-4 l нa 100 m2), 12) Кај доматот се користи за сузбивање на: a) лисна вошка (Myzus persicae) во количество од 0,3-0,5 l/ha (3-5 ml нa 100 m2) со потрошувачка на вода од 200-400 l/ha (2-4 l нa 100 m2), б) белокрилка (Trialeurodes vaporariorum) во концентрација од 0,05 % (5 ml во 10 l вода) со потрошувачка на вода од 200-400 l/ha (2-4 l нa 100 m2), со додавање на навлажнувач; 13) Кај маслодајната репка се користи за сузбивање на репкина лисна оса (Athalia colibri) и репкиниот сјајник (Meligethes aeneus) во количина од 0,2-0,3 l/ha (2-3 ml нa 100 m2) со потрошувачка на вода од 200-400 l/ha (2-4 l нa 100 m2); 14) Кај тутунот се користи за сузбивање на подгизувачките совици (Agrotis spp.), лисната вошка (Myzus persicae), тутуновиот трипс (Thrips tabaci) во количина од 0,2-0,3 l/ha (2-3 ml нa 100 m2) со потрошувачка на вода од 200-400 l/ha (2-4 l нa 100 m2); 15) Кај краставицата се користи за сузбивање на белокрилка (Trialeurodes vaporarium) во концентрација од 0,05% (5 ml во 10 l вода) и потрошувачка на вода од 200-400 l/ha (2-4 l нa 100 m2) со додавање на навлажнувач.


Предупредување:

Не треба да се меша со препарати кои имаат алкална реакција како што е бордовската чорба и препарати на база на сулфур, тиофтанат и азинфос метил.


Каренца:

7 дена за компир, јаболка, круша, домат и краставица; 14 дена за останатото овошје, зеленчук и хмељ; 21 ден за винова лоза; 28 дена за тутун; 35 дена за стрни жита; 42 дена за маслодајна репка.



Добавувач: ДПП „АГРОХЕМИЈА” ДООЕЛ, Скопје - Скопје
Производител: BAYER - Crop Science AG - Германија / веб страница