Средства за заштита: АКАРАЦИДИ
Активни материи: Abamectin; Abamectin;
Име на препарат: KRAFT 1.8 EW

Употреба:

KRAFT 1.8 EW е фолијарен инсектицид и акарицид кој во својот состав содржи активна метрија абамектин 18 g/L. Наменет е за сузбивање на црвената овошна гриња, крукината болва (Cacopsylla pyri), градинарското пајаче, широката гриња на јагодата и спањаќот ( Tarsonemus palilus, yrophagus similis), широката гриња на пиперката (Polyphagotarsonemus latus) За сузбивање на рѓеста гриња на малината и капината (Acalitus essigi и Phylocopters gracili) како и за сузбивање на комировата златица кај компирот се препорачува доза од 0,75 L/ha. За сузбивање на црвената овошна гриња (Panonychus ulmi) кај јаболката се препорачува доза од 0,075 - 0,15 L/ha (7,5 - 15 ml на 10 L вода), откако ќе се појават подвижните форми во прецветување, со потрошувачка на вода од 600 - 1000 L/ha. За сузбивање на двоточкасото пајаче кај зеленчукови култури и украсни цвеќиња во затворен простор и на отворено (Tetranychus urticae) KRAFT 1.8 EW се користи во доза од 0,6 L/ha кога растенијата се во висина од 50 cm, а во доза од 0,8 L/ha ако се во висина до 125 cm и 1,2 L/ha во висина преку 125 cm.


Предупредување:

Дозволени се до две третирања во сезона. Не треба да се меша со препарати на база на каптан и сулфур. Може да се меша со препарати кои имаат слаба алкална или кисела реакција како и со минерални масла. Не треба да се користи за време не цветање на овошките. Негативно делсува на бубамарата.


Каренца:

14 дена за јаболка.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ ДОО - Скопје
Производител: CHEMINOVA A/G / веб страница