Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Dimethoate;
Име на препарат: DANADIM PROGRESS 400 EC

Употреба:

PROGRESS 400 EC e системичен инсектицид и акарицид кој содржи активна материја диметоат 400 g/L. Активната материја дејствува контактно и дигестивно со инхибирање на ензимот ацетилхолин естераза. Има широк спектар на дејство сузбивајќи инсекти со устен апарат за цицање и џвакање кај различни култури. За контрола на вошки (Aphidide) и лема (Lema melanopus) кај озима пченица и пролетен јачмен се препорачува доза од 0,5 L/ha. За заштита од вошки се третира во периодот од фаза на класање до фаза на млечна зрелост (51 - 73 BBCH) а за заштита од лема (житна пијавица) во период од почеток на пилење на ларвите (40 - 99 BBCH). Потрошувачката на вода треба да изнесува 300 L/ha. Кај зелката се користи во доза од 0,375 - 0,5 L/ha со потрошувачка на вода од 300 L/hа во периодот на формирање на првите колонии. Може да се користи и за контрола на вошки кај украсни растенија како роза во доза од 0,05% - 0,075% со потрошувачка на вода од 1000 L/ha кога растенијата се со висина од 10 - 20 cm (BBCH 00-19) откако ќе се забележат првите колонии.


Предупредување:

Дозволено е едно третирање во сезона.


Каренца:

зимска пченица, пролетен јачмен, доцна зелка - 21 ден, за роза каренцата не се применува.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ ДОО - Скопје
Производител: CHEMINOVA AGRO S.A. / веб страница