Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Chlorpyrifos; Cypermethrin; Име на препарат: NURELLE D |
Употреба: NURELLE D е инсектицид кој содржи 5% циперметрин и 50% хлорпирифос. Наменет е за сузбивање на штетници кај компир, домат, модар патлиџан, зелка, пченица, јачмен, рж, пченка, маслодајна репка, шеќерна репка и сточна репка. КОМПИР: За суабивање на компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) се применува во доза од 0,6 l/ha (60 ml/1.000 m2) и тоа само во области каде нема забележано појава на резистантни соеви. Се применува за време на вегетација кога ќе се забележи појава на штетникот со потрошувачка на вода од 200 – 1000 L/ha (20 – 100 L/1000 m2). Дозволена е само една апликација годишно. За сузбивање на лисни вошки (Aphididae) се препорачува доза од 0,6 L/ha (60 ml/1000 m2) во вегетација кога ќе се забележи појава на штетникот со потрошувачка на вода од 200 – 1000 L/ha (20 – 100 L/1000 m2). Kaj домат за сузбивање на совици (Noctuidae) се препорачува доза од 0,8 L/ha (80 ml/1000 m2) во период на вегетација кога ќе се појави штетникот и тоа кога ќе се појави гасеницата на листот и плодот со потрошувачка на вода од 200 – 1000 L/ha (20 – 100 L на 1000 m2). За заштита на домат и модар патлиџан од компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) се препорачува во доза од 0,6 L/ha (60 ml/1000 m2) но само во области во кои не е забележана појава на резистентни соеви со потрошувачка на вода од 200 – 1000 L/ha (20 – 100 L/1000 m2), во период на вегетација кога ќе се забележи појава на штетникот. ЗЕЛКА: за сузбивање на голем зелкар (Pieris brassicae) се препорачува доза од 0,5 L/ha (50 ml/1000 m2) кога ќе се забележи гасеницата со потрошувачка на вода од 200 – 1000 L/ha (20 – 100 L/1000 m2). За заштита од бухач (Phyllotreta sp.) се препорачува доза од 0,6 L/ha (60 ml/1000 m2) со потрошувачка на вода од 200 – 1000 l/ha (20 – 100 L/1000 m2) кога ќе се забележи појава на штетникот. ПЧЕНИЦА, ЈАЧМЕН, РЖ: за сузбивање на лисни вошки (Aphididaе) во доза од 0,5 L/ha (50 ml/1000 m2) пред цветање (BBCH 30-59) со потрошувачка на вода од 200 – 1000 L/ha (20 – 100 L/1000 m2). ПЧЕНКА: за сузбивање на пченкин молец (Ostrinia nubilalis) и пченкина совица (Sesamia nonagrioides) се користи доза од 0,8 L/ha (80 ml/1000 m2) пред цветање (BBCH 59) со потрошувачка на вода од 150 – 1000 L/ha (15 – 100 l/1000 m2). МАСЛОДАЈНА РЕПКА: за заштита од репина пипа (Ceutorhynchus napi) и репин сјајник (Meligethes aeneus) се препорачува во доза од 0,5 L/ha (50 ml/1000 m2) пред цветање (BBCH do 59) и потрошувачка на вода од 200 – 1000 L/ha (20 – 100 L/1000 m2). Предупредување: Дозволена е само една апликација годишно. Не е дозволена авионска апликација како и апликација за време на цветање заради заштита на пчелите. Каренца: 21 ден за компир, 5 дена за домат и модар патлиџан на отворено. |
Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница Производител: AGRIPHAR S.A. / веб страница |