Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Lambda-Cyhalothrin; Име на препарат: SPARVIERO 10 CS |
Употреба: SPARVIERO 10 CS е контактен инсектицид формулиран во капули кои допринесуваат за продолжено дејсво на активната материја ламбда цихалотрин (9,53 g/L). Може да се користи за заштита на житните култури од вошки (Aphis spp.) и житна пијавица (Lema melanopus) во доза од 15-25 ml/hL (150-200 ml/ha). Дозволени се до две апликации во годината. Kај пченката и соргумот може да се употреби за суабивање на вошки (Aphididae), совици (Agrotis ipsilon) и ларви дефолијатори (Piralidae spp.) во доза од 10-25 ml/hL (100-250 ml/ha). Дозволени се до две апликации во годината. Кај марулата се користи за заштита од вошки и совици во доза од 10-15 ml/hL (50-150 ml/ha). Дозволени се до две апликации во годината. Кај компирот може да се употреби за заштита од компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) и вошки во доза од 10-25 ml/hL (150-250 ml/ha). Дозволени се до две апликации во годината. Кај зелката се употребува за заштита од вошки,голем и мал зелкар (Pieris brassica, Pieris rapae), зелкина совица (Mamestra brassicae), тутунова совица (Heliothis obsoleta), зелков молец (Plutella maculipennis) во доза од 10-20 ml/hL (75-150 ml/ha). Дозволени се до две апликации во годината. Кај домат, модар патлиџан и пиперка се употребува за заштита од вошки, гасеници (Nocttua spp.) во доза од 10-25 ml/hL (100-250 ml/ha). За заштита на соја од вошки, ларви дефолијатори и стеници се користи во доза од 15-25 ml/hL (150 - 250 ml/ha). Кај виновата лоза за заштита од молци и цикади (Empoasca vitis, Scafoideus titanus) во доза од 15-25 ml/hL (150-250 ml/ha). Кај праска, нектарина и кајсија за заштита од медитеранската овошна мува (Ceratitis capitata), прасков смотавец (Cydia molesta) и прасков молец (Anarsia lineatella) и вошки се препорачува доза од 10-25 ml/hL (100-250 ml/ha). Кај лешник, орев и сл. се употребува за сузбивање на стеници во доза од 10-25 ml/hL (150-250 ml/ha). Предупредување: работна каренца 24 - 48 часа. SPARVIERO 10 CS не треба да се користи во оранжерии и не треба да се аплицира во фаза на цветање на културата. силно токсичен за корисните членконоги. Кај житните култури, пченка, соргум, компир, домат, модар патлиџан, зелка, винова лоза, лешник и орев дозволени се до две апликации во годината. Кај пиперката и сојата дозволена е само една апликација а кај праската, нектарината и кајсијата и до три апликации годишно. Каренца: Житни култури 28 дена. Пченка, соргум и соја - 15 дена. Салата, зелка, винова лоза, праска, кајсија, нектарина, лешник и орев - 7 дена. Пиперка, домат и модар патлиџан - 3 дена. Компир - 14 дена. |
Добавувач: ДОО ЕУРОФАРМ ИНТЕРНАЦИОНАЛ - Богданци Производител: SIPCAM S.P.A. / веб страница |