Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Alfa-Cypermethrin; Име на препарат: FASTAC 10 SC |
Употреба: FASTAC 10 SC е контактен и дигестивен инсектицид со широк спектар на дејство. Содржи активна материја алфа циперметрин 10% со долготрајно дејство. Ефикасен е во многу мали концентрации кон Agrotis segetum, Aphididae, Athalia colibri, Autographa gamma, Cydia molesta, Carpocapsa pomonella, Cydia pomonella, Eupoecilia ambiquella, Hoplocampa flava, Hoplocampa flava, Hoplocampa minuta, Hoplocampa testudinea, Hyphantria cunea, Lema melanopa, Leptinotarsa decemlineata, Lobesia botrana, Lymantria dispar, Mamestra brassicae, Mamestra oleracea, Meligethes aeneus, Metcalfa pruinosa, Plutella maculipennis, Polychrosis botrana, Psylla pyri, Thrips spp., Trialeurodes vaporariorum, drugi. При употреба кај зелкови култури потребно е да се додаде наквасувач. За сузбивање на јаболковиот смотавец се препорачува концентрација од 0,015 - 0,018 %, за сузбивање на јаболкова оса 0,015 - 0,025 %, за сузбивање на лисни вошки и прасков смотавац 0,012 - 0,015 %, за сузбивање на крушкина лисна болва 0,018 - 0,02 %, за сузбивање на црна и жолта сливова оса 0,015 - 0,025 %, а за сузбивање на гасеници 0,01 - 0,012 %. Кај виновата лоза може да се користи за сузбивање на сив и жолт гроздов молец во концентрација од 0,012 - 0,015 %, за сузбивање на Metcalfa pruinosa 0,02% - 0,025%. Кај зелката за сузбивање на зелков молец се препорачува доза од 0,08 - 0,12 l/ha со задолжително додавање на навлажнувач. Кај домат и краставица во заштитен простор се употребува во концентрација од 0,02 - 0,025 % за заштита од цветен штитест молец и белокрилка. Примената кај кратсавицата треба да биде со додавање на наквасувач. За заштита на украсни растенија во заштитен простор препорачаната концентрација е 0,012 - 0,018 %. За компир 100 -120 ml/ha за заштита од компирова златица. кај житните култури дозата е од 100-120 ml/ha2 за заштита од житна пијавица (Lema melanopus). Кај маслодајната репка се препорачува доза од 0,1 l/ha за заштита од репин сјајник и репина оса. кај шеќерната репка се препорачува доза од 0,15 – 0,175 l/ha за заштита од лисна совица и доза од 0,2 l/ha за заштита од нивните ларви во почва. Кај украсните растенија во заштитен простор се препорачува 2 -2,5 ml да се растворат во 10 L вода за заштита од стакленичкиот штитест молец а 12-18 ml u 100 L вода за заштита од трипс. Шумските видови ги штити од младите развојни облици на гасеници (губар прва и втора генерација) во доза од 0,10 l/ha. Предупредување: Каренца: 14 дена за компир, домат, краставица и овошни видови. 21 ден за винова лоза. 28 дена за сточна, шеќерна репка и зелка. 35 дена за житни култури. 42 дена за маслодајна репка, тутун, агруми. |
Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница Производител: BASF SE Ludwigshafen |