Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Dimethoate; Име на препарат: PERFEKTHION |
Употреба: PERFEKTHION е контактен инсектицид со контактно и дигестивно дејство. Содржи активна материја диметоат, 400 g/L. Потполно е селективен за зелените делови на растението и плодот. Се користи за заштита на: ЈАБОЛКА и ДУЊА: во концентрација од 0,075-0,1% (7,5-10 ml во 10 l вода). За сузбивање на јаболкова лисна оса (Hoplocampa testudinea) се третира веднаш по прецветување (67-69 BBCH). За сузбивање на лисни вошки (Aphis pomi, Dysaphis devecta, D. plantaginea) потребно е да се третира на почеток на образување на првите колонии. Ефикасно ја сузбива и црвената овошна гриња (Ranonychus ulmi) и обичното пајаче (Tetranychus urticae) со третирање во периодот кога ќе се забележат првите подвижни форми и тоа во концентрација од 0,1-0,15% (10-15 ml во 10 l вода), за суабивање на јаболков молец (Hyponomeuta malinellus) со третирање кога ќе се забележат првите гасенични гнезда и концентрација од 0,15-0,2% (15-20 ml во 10 l вода), за сузбивање на првата генерација јаболков смотавец (Cydia pomonella), со апликација 7-12 dana по максималниот број на фатени пеперутки во феромонските замки или на почеток на пилење на првите гасеници. За сузбивање на округлиот минер (Leucoptera scitella) и змијоликиот минер (Lyonetia clerkella), се третира во време на лет на пеперутката и почеток на пилење на гасениците (формирање на првите мини). За заштита од калифорниската штитеста вошка (Quadraspidiotus perniciosus), потребно е да се третира во период на појава на првите подвижни форми на леторастите. КРУША: во концентрација од 0,075-0,1% (7,5-10 ml во 10 l вода). За сузбивање на крушковата оса (Hoplocampa brevis), со третирање веднаш по прецветување (67-69 BBCH). За заштита од лисни вошки (Aphis pomi, Dysaphis pyri), со третирање на почеток на образување на колонии. За заштита од обичната крушкина болва (Psylla pyri), потребно е да се третира после цветање во период кога ќе се забележи нивната појава. Концентрација од 0,15-0,2% (15-20 ml во 10 l вода), се користи за сузбивање на првата генерација од јаболков смотавец (Cydia pomonella), со третирање 7-12 дена по максималниот број на пепрутки фатени во феромонската замка или на почеток на пилење на првите гасеници. За заштита од калифорниската штитеста вошка (Quadraspidiotus perniciosus), треба да се третира во време на појава на првите подвижни форми. ПРАСКА и КАЈСИЈА: се третира во концентразија од 0,05-0,075% (5-7,5 ml во 10 l вода ), за сузбивање на праскова мува (Ceratitis capitata) кога ќе се појават првите имага. Во концентрација од 0,075-0,1% (7,5-10 ml во 10 L вода), за сузбивање на лисни вошки (Myzus persicae, M. varians, Hyalopterus pruni, Brachycaudus persicae, B. schwartzii), треба да се третира после цветање кога ќе се забележат првите колонии. Во концентрација од 0,1-0,15% (10-15 ml во 10 L вода), се третира за сузбивање на прасков молец (Anarsia lineatella), во период на вбушувње на првите гасеници на вровот од леторастите. Концентрација од 0,15-0,2% (15-20 ml во 10 L вода), се користи за сузбивање на прасков смотавец (Cydia molesta во време на вбушување на првите гасеници на врвот од леторастите ЦРЕША и ВИШНА: Во концентрација од 0,05-0,075% (5-7,5 ml во 10 L вода), се користи за сузбивање на црешова мува (Rhagoletis cerasi), со третирање во период на појава на првите имага и на почеток на пилење на ларвите. Во концентрација од 0,075 - 0,1% (7,5-10 ml во 10 L вода), се користи за сузбивање на црешова лисна вошка (Myzus cerasi), со третирање на почеток на формирање на колониите а за суабивање на црвената овошна гриња (Panonychus ulmi) и обичното пајаче (Tetranychus urticae),потребно е да се третира кога ќе се забележат првите подвижни форми на листот. СЛИВА: Во концентрација од 0,075-0,1% (7,5-10 ml во 10 L вода), се користи за сузбивање на овошната оса (Hoplocampa flava, H. minuta) со третирање веднаш по прецветување (67-69 BBCH). За сузбивање на лисни вошки (Brachycaudus helichrysi, Hyalopterus pruni, Phorodon humuli), со третирање после цветање, на почеток на формирање на колонии. ОРЕВ: Се употребува во концентрација од 0,15-0,2% (15-20 ml во 10 L вода), за сузбивање на првата генерација од јаболков смотавец (Cydia pomonella). со третирање 7 - 12 дена откако ќе се забележат максимален број на фатени пеперутки во феромонските замки или на почеток на пилење на првите гасеници. БАДЕМ: Се употребува во концентрација од 0,075 - 0,1% (7,5-10 ml во 10 L вода), за сузбивање на лисни вошки (Hyalopterus pruni), кога ќе се забележат првите колонии. За сузбивање на прасков молец (Anarsia lineatella) се употребува во концентрација од 0,1 - 0,15% (10-15 ml во 10 L вода), со третирање во период на вбушување на првите гасеници во врвот на леторастите. Во концентрација од 0,15 - 0,2% (15 - 20 ml во 10 l вода), се употребува за сузбивање на прасков смотавец (Cydia molesta), со третирање во период на вбушување на првите гасеници во врвот на леторастите. ЈАГОДА, МАЛИНА и КАПИНА: Се употребува во концентрација од 0,075 - 0,1% (7,5-10 ml во 10 l вода), за сузбивање на лисни вошки (Aphis forbesi, A. idaei, A. ruborum, Amphorophora idaei, Chaetosiphon fragaefolii), во период пред цветање, на почеток на формирање на колониите. МАСЛИНКА: Се употребува во концентрација од 0,1-0,15% (10-15 ml во 10 l вода), за сузбивање на маслинова мува (Dacus oleae), во периодот кога во феромонската ловилка ќе се фатат вкупно 20 имага. Истата концентрација се користи и за сузбивање на малинков молец (Prays oleae), пред и непосредно по цветање, во зависност од летот на пеперутката. СТРНИ ЖИТА: Кај стрните жита препаратот PERFEKTHION се користи во концентрација од 0,075 - 0,1% (7,5-10 ml во 10 l вода), за сузбивање на бувач (Chaetocnema aridula), со третирање откако ќе се појави имагото. За сузбивање на трипс (Thrips tabaci, Haplothrips tritici, Limothrips cerealium), со третирање во периодот кога ќе се забележи неговата појава. За сузбивање на лисни вошки (Macrosiphum avenae, Metopolophium dirhodum, Rhopalosiphum padi, Schizaphis graminum), кога ќе се забележи формирањето на колонии. ШЕЌЕРНА РЕПКА: Се препорачува во концентрација од 0,075 - 0,1% (7,5-10 ml во 10 l вода), за суабивање на лисни вошки (Aphis fabae, Myzus persicae), со третирање кога ќе се забележи формирање на колонии. За сузбивање на бувач (Chaetocnema tibialis), со третирање кога ќе се забележи појавата на имагото. За сузбивање на репина мува (Pegomyia hyosciami), со третирање на пролет, после појавата на првите имага. ТУТУН: Се употребува во концентрација од 0,075-0,1% (7,5-10 ml во 10 l вода), за сузбивање на тутунов трипс (Thrips tabaci), со третирање веднаш после расадување и за сузбивање на лисни вошки (Myzus persicae, M.nicotianae) со третирање на почеток на формирање на колонии. КОМПИР: Се употребува во концентрација од 0,075-0,1% (7,5-10 ml во 10 l вода), за сузбивање на лисни вошки (Aphis fabae, A. nasturtii, A. frangulae, Myzus persicae, Macrosiphum euphorbiae), со третирање на почеток на формирање на првите колонии. ГРАДИНАРСКИ КУЛТУРИ: Во концентрација од 0,075-0,1% (7,5-10 ml во 10 l вода), за сузбивање на тутунов трипс (Thrips tabaci), со третирање веднаш откако ќе се забележи нивното присуство. За сузбивање на лисни вошки (Aphis fabae, Myzus persicae, Brevicoryne brassicae), треба да се третира на почеток на формирање на првите колонии. За сузбивање на бувач (Phillotreta spp.), треба да се третира откако ќе се појави имагото. За сузбивање на обичното пајаче (Tetranychus urticae), со третирање кога ќе се забележат првите подвижни форми на листот. Потрошувачката на вода кај сите култури каде што се употребува треба да изнесува од 600 - 1.000 l/ha (6-10 l на 100 m2), освен кај јагодата, малината и капината, каде што се препорачува потрошувачка на вода од 300-600 l/ha (3-6 l на 100 m2) и кај стрни жита, шеќерна репка, тутун, компир и градинарски култури каде потрошувачката на вода треба да изнесува од 200-400 l/ha (2-4 l на 100 m2). Предупредување: Да не се употребува на температури повисоки од 28°C. Брзо предизвикува резистентност и затоа не треба да се користи во подрачја каде што се забележани резистентни популации на инсекти и пајачиња. Третирање од авион не е дозволено. Сузбивањето на јаболковиот смотавец е само за првата генерација. Многу отровен за пчели. Каренца: Најмалку 7 дена од апликацијата на PERFEKTHION не треба да се дозволи пристап на домашни животни. |
Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница Производител: BASF SE Ludwigshafen |