Опис: Во развојниот циклус разликуваме форми со холоцикличен и анхолоцикличен развој. Како главен зимски домаќин на холоцикличните е праската. Летни домаќини се тутун, домат, репа, памук, зелка, кељ, компир, пиперкаи други. Во одредени случаеви може да презими и во летни развојни форми и тоа на добро заштитени места. Повеќедневна температура од - 12 степени оневозможува ваков начин на презимување. Рано напролет во топли години уште во февруари на праската се развиваат фундатригини генерации. Пролетниот и летниот лет на мигрантите односно крилните форми зависи од временските прилики. |