Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Esfenvalerate;
Име на препарат: SUMI-ALFA 5 EW

Употреба:

SUMI-ALFA 5 EW е инсектицид од групата на синтетички пиретроиди со широк спектар на дејство. Содржи активна материја есфенвалерат 50 g/L. Сузбива инсекти од редобите Lepidoptera, Coleoptera, Hemiptera и Orthoptera. Се користи во овоштарството, виновата лоза, поледелството и градинарството. Кај виновата лоза се користи за сузбивање на гроздов молец во доза од 0,1 - 0,3 L/ha со потрошувачка на вода од 500 - 1000 L/ha во периодот на затварање на гроздовите. кај зелката се користи за сузбивање на лисни вошки, голем зелкар и совици во доза од 0,1 - 0,3 L/ha со потрошувачка на вода од 300 - 500 L/ha. Дозволени се до две третирања во сезона во интервал од 7 дена. Кај кељ, прокељ и карфиол исто така се употребува за сузбивање на лисни вошки, голем зелкар и совици во доза од 0,1 L/ha со потрошувачка на вода од 300 - 500 L/ha. Дозволено е дно третирање во сезона. Кај грашок за сузбивање на лисни вошки и совици во доза од 0,3 L/ha со потрошувачка на вода од 300 - 500 L/ha. Дозволени се две третирања во период ид 7 дена. Кај компир за сузбивање на лисни вошки и компирова златица во доза од 0,3 L/ha со потрошувачка на вода од 400 - 600 L/ha и дозволени до 3 апликации почнувајќи во периодот на формирање на лушпата во интервал од 7 дена. Кај житата (зимска пченица, зимски и пролетен јачмен, рж, тритикале, овес и зоб) се употребува за сузбивање на лисни вошки (Aphidide) и житна пијавица (Lema melanopus) во доза од 0,1 - 0,2 L/ha со потрошувачка на вода од 250 - 400 L/ha. Дозволени се до три апликации во интервал од 7 дена почнувајќи во периодот на крај на цветање. Кај пченката (сточна, слатка и семенска пченка) употребува за сузбивање на пченкиниот пламенец и пченкината златица (дијабротика) во доза од 0,3 L/ha со потрошувачка на вода од 300 - 500 L/ha. дозволен е само еден третман во годината. Кај шеќерната и сточната репа се користи за сузбивање на лисни вошки, голем репин сурлаш и репин бухач во доза од 0,15 - 0,3 L/ha со потрошувачка на вода од 300 - 500 L/ha. Дозволени се до 3 апликации во сезона во интервал од 7 дена. Може да се користи и кај декоративните растенија за сузбивање на лисни вошки и белокрилка во концентрација од 0,03 - 0,1 % со потрошувачка на


Предупредување:

Производот не треба да се употребува во фаза на цутење на културите и не треба да се третира додека пчелите летаат (не порано од 1 час пред астрономското зајдисонце до пред полноќ и прекинете ја апликацијата до зајдисонце наредниот ден). Количините на растворoт, што треба да се употребат, треба да се одредат врз основа на достапниот тип на распрскувач, културата, методот на култивација и големината на лисната маса.


Каренца:

21 ден за грозје (винско и трпезно), 7 дена за зелка, кељ, прокељ, карфиол и компир, 14 дена за зелен грашок, 35 дена за сушен грашок, 42 дена за репка, лен, синап, маслодајна репка, 35 дена за житарки (зимска пченица, зимски и пролетен јачмен, `рж, тритикала,овез), 49 дена за пченка (сточна, слатка, семенска), 56 дена за шеќерна и сточна репка и без каренца за декоративни растенија.



Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница
Производител: SUMITOMO CHEMICAL AGRO EUROPA S.A.S. / веб страница