Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Imidacloprid;
Име на препарат: CONFIDOR 200 OD

Употреба:

CONFIDOR 200 OD е формулиран во вид на дисперзирано масло со активна материја имидаклоприд во концентрација од 200 g/L. Благодарение на неговата маслена формулација поседува зголемена способност за навлегување во растението и намалена можност од лизгање на препаратот од површината на листовите. Активната материја имидаклоприд е инсектицид од групата на неоникотиноиди. Поседува акутно, стомачно и контактно дејство делувајќи како антагонист на ацетилхолинестераза рецепторите кај штетниците. Представува системичен инсектицид со долготрајно дејство. Може да се аплицира преку водата за наводнување, фолијарно, почвено или да се аплицира на стеблото кај растенијата за заштита од инсекти кои имаат устен апарат за бодење и смукање а делува и кон некои инсекти со устен апарат за грицкање. Може да се употребува и за третирање на семе кај шеќерна репка, маслодајна репка, сончоглед и пченка а може да се употреби и за третирање на кртоли од компир наменети за садење при што ги штити од комирова златица, лисни вошки и ран напад од телни црви во почвата. По третирање на кртолите со имидаклоприд не е дозволена понатамошна апликација на некој друг препарат на база на имидаклоприд. Може да се употребува кај овошни видови, зеленчук, винова лоза, поледелски култури и украсни ратсенија за заштита од: Aleurodes spp., Aphis fabae, Aphis gossypii, Aphis pomi, Aphis spiraecola, Aulacorthum solani, Bemisia tabaci, Brevicorynae brassicae, Dialeurodes citri, Dysaphis plantaginea, Empoasca spp., Eriosoma lanigerum, Leptinotarsa decemlineata, Leucoptera scitella, Macrosiphum rosae, Macrosiphum spp., Myzus persicae, Phorodon humuli, Phyllocnistis citrella, Pseudococcus spp., Psylla spp., Scirtothrips aurantii, Thrips spp., Toxoptera aurantii, Trialeurodes vaporariorum и др. Кај винова лоза, хмељ и украсни растенија се препорачува доза од 0,6 L/ha со потрошувачка на вода од 500 - 1000 L/ha кај виновата лоза и 1500 - 2000 L/ha кај хмељ. За заштита на праска од лисни вошки се препорачува доза од 0,37 L/ha со потрошувачка на вода од 800 - 1000 L/ha. За заштита на тутун од лисни вошки се препорачува доза од 0,25 L/ha со потрошувачка на вода од 500 - 800 L/ha. За заштита на пиперка и домат на отворено се препорачува доза од 0,25 L/ha со потрошувачка на вода од 500 - 1000 L/ha. За заштита на слатка пиперка, домат и краставица во оранжерија се препорачува доза од 0,5 - 0,75 L/ha а за заштита од белокрилка доза од 0,75 L/ha со потрошувачка на вода од 500 - 1000 L/ha. За заштита на расад од пиперка, домат, краставица и тутун од лисни вошки се препорачува доза од 0,1 L/ha со потрошувачка на вода од 1000 L/ha.


Предупредување:

Перзистентен е во почвата и затоа на истата површина наредната година не треба да се одгледува лиснат зеленчук. Токсичен е кон пчелите и затоа истите треба да се заштита од неговото дејство. Дозволени се до 2 третирања кај виновата лоза, 1 третирање за украсни растенија на отворено и до 2 третирања за украсни растенија одгледувани во оранжерии.


Каренца:

14 дена за домат, грав и грашок; 21 ден за зелка, коскесто овошје и тутун, 35 дена за агруми, 42 дена за конзумен компир. При третирање на семе од пченка, сончоглед и житни култури каренцата е обезбедена со времето на употреба. Пченката за силажа може да се собира најрано во фаза на млечна зрелост (63 дена по сеидба).



Добавувач: ДПП „АГРОХЕМИЈА“ - Скопје - Скопје
Производител: BAYER – Crop Science AG / веб страница