Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Imidacloprid;
Име на препарат: CONFIDOR SL 200

Употреба:

Препаратот CONFIDOR SL 200 содржи активна материја имидаклоприд од групата на неоникотиноиди во концентрација од 200 g/L. Активната материја имидаклоприд го спречува преносот на импулси до централниот нервен систем кај штетните инсекти. Делува контактно и дигестивно. По апликацијата активната материја се апсорбира од страна на растението и се пренесува акропетално и трансламинарно. Се користи кај компир за сузбивање на компирова златица (Leptinotarsa decemlineata), во доза од 0,2-0,3 l/ha (2-3 ml на 100 m2), со потрошувачка на вода од 200-400 l/ha (2-4 l на 100 m2). Се препорачува апликација во периодот кога ќе бидат забележани ларви од прв до трет степен на развој. Кај пиперката се употребува за сузбивање на памуковата вошка (Aphis gossypi), хељдината вошка (Aphis nasturti) и зелената праскова вошка (Myzus persicae), во концентрација од 0,05-0,07% (5-7 ml во 10 l вода), со потрошувачка на вода од 200-400 l/ha (2-4 l на 100 m2). Се препорачува апликација по цветање при формирање на првите колонии. Дозволени се до две третирања во текот на една година на иста површина. Кај тутунот се користи за сузбивање на тутуновиот трипс (Thrips tabaci), во доза од 0,5-0,6 l/ha (5-6 ml нa 100 m2), со потрошувачка на вода од 200-400 l/ha (2-4 l на 100 m2), кога ќе се забележат првите имага. Кај хмељот исто така може да се користи за сузбивање на лисни вошки (Phorodon humuli), во доза од 0,6 l/ha (6 ml нa 100 m2), со потрошувачка на вода од 600-1000 l/ha (6-10 l нa 100 m2). Се препорачува апликација кога ќе се формираат првите колонии.


Предупредување:

Не постои можност од појава на фитотоксичност. Препаратот не треба да се користи пред и за време на цветање во насади на лута пиперка. За да се одбегне појава на резистентност по употребата на некој препарат на база на имидаклоприд, насадите од компир во текот на вегетација не треба да се третираат со препарати на база на ацетамиприд, тиаклоприд, тиаметоксам и други неоникотиониди. Препаратот е токсичен за пчели затоа не треба да се применува во периодот кога пчелите одат на паша или кошниците со пчели да се отстраната од местото на апликација на имидаклоприд за време од 48 часа.


Каренца:

Работна каренца за работа на поле 2 дена. 7 дена за пиперка, 28 дена за компир, 35 дена за тутун и хмељ.



Добавувач: ДПП „АГРОХЕМИЈА“ - Скопје - Скопје
Производител: BAYER – Crop Science AG / веб страница