Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Zeta-Cypermethrin;
Име на препарат: FURY GEO

Употреба:

FURY GEO e несистемичен, контактен и дигестивен инсектицид со широка примена во градинарството. Содржи активна материја зета циперметрин 8 g/kg. Наменет е за сузбивање на скочибуби (Agriotes spp.) и жичњаци (Elateridae spp.) кај пченка, компир и домат во доза од 12,5 kg/ha (125 g на 100 m2) а кај пченката дозата може да се зголеми и до 15 kg/ha (150 g на 100 m2). Се применува пред садење/ расадување или истовремено со садење/расадување на културата.


Предупредување:

Дозволена е само една апликација во годината. Да не се меша со препарати на база на гликол или некој друг алкохол. Да се спречи контаминација на водата односно да се аплицира на оддалеченост од намалку 20 m од површински и подземни води.


Каренца:

Обезбедена со времето на употреба. Работната каренца е еден ден.



Добавувач: ТДПТДУ „АГРОЈУНИКОМ“ ДООЕЛ - Скопје
Производител: FMC CORPORATION A.P.G. / веб страница