Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Imidacloprid;
Име на препарат: WARRANT 200 SL

Употреба:

WARRANT 200 SL e системичен инсектицид со дигестивно дејство кој се употребува за сузбивање на инсекти со устен апарат за грицкање, бодење и смукање како што се лисните вошки (Aphidide) и белокрилката (Trialeurodes vaporariorum). Содржи активна материја имидаклоприд 200 g/L која во растението се пренесува акропетално. Се корист за заштита на компир од компирова златица (Leptinotarsa decimlineata) во доза од 0,3 L/ha со потрошувачка на вода од 300 - 500 L/ha, фолијарно во фаза на зреење (BBCH 85). Дозволен е максимално еден третман кај компирот. Кај пиперка, домат, модар патлиџан, краставица, тиквички и тиква се користи во доза од 0,25 L/ha со потрошувачка на вода од 500 L/ha со пркање во фаза на BBCH 75 или во доза од 0,5 L/ha со потрошувачка на вода од 1000 L/ha со системот капка по капка во фаза BBCH 75. Кај овие култури исто така дозволен е само еден третман во сезоната. Може да се употреби и за заштита на украсни растенија од лисни вошки со пркање во доза од 0,75 L/ha со потрошувачка на вода од 700 - 1000 L/ha. дозволени се до два третмана во интервал од 14 дена. Доколку се употребува преку системот капка по капка дозволен е само еден третман.


Предупредување:

Штетен е за пчелите. За сузбивање на вишки треба да се третира со појавата на првите колонии или превентивно во почвата со капка по капка.


Каренца:

14 дена за компир. 3 дена за пиперка, домат, модар патлиџан, краставица, тиквички и тиква.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ ДОО - Скопје
Производител: CHEMINOVA A/G / веб страница