Име на болест: Јаболков свиткувач - Cydia (Carpocapsa) pomonella
Култура: ЈАБОЛКА
Опис: Најраспространет штетник на јаболкото. Го има насекаде во светот каде се одгледуваат јаболка, а бројот на генерации е различен. Неговите ларви предизвикуваат црвливост на плодот. Штетите кој ги предизвикува од година во година варираат, а понекогаш може да оштети и повеќе од 50 % од плодовите, кои ја губат пазарната вредност. Редовно има две генерации. Гасениците презимуваат во белите заперци под кората на стеблото и дебелите гранки. Во април и мај се кукли, а пеперутката од првата генерација обично се појавува при крајот на мај. Женките од првата генерација почнуваат да несат јајца (претежно на листовите) во последната недела на мај или во првите денови на јуни. Испилените гасеници веднаш се вбушуваат во плодовите, каде што се хранат 3 - 4 недели, а потоа го напуштаат плодот и се запредуваат и куклат во пукнатините на кората. Гасениците кој го завршиле развојот до крајот на јули излегуваат како пеперутки на втората генерација. Тие најчесто полагаат јајца на плодовите кои со тоа се загрозени до крајот на август но главната опасност престанува кон средината на август. После завршениот развој гасеницата на втората генерација се запредуваат и презимуваат во заперците. Летот на првата генерација обично трае до крајот на првата третина на јули, а понекогаш и до средината на јули или подолго. Пеперутките на втората генерација можат да се појават (летаат во втората половина на јули, а можат и до крајот на август или до првите денови на септември) дури и пред престанокот на летот на првата генерација. Тогаш велиме дека генерациите се преклопуваат.



повеќе слики >>

Препарати

DIREKT

FASTAC 10 SC

BULLDOCK

VANTEX 60 CS

DECIS EC-2,5

K-Obiol 25 EC

KOBIOL EC-25

RITMUS

BEVETOX 40 E

DANADIM PROGRESS 400 EC

DIMETOGAL

FOSFAMID 40 EC

PERFEKTHION

ROGOR L40

FURY 10 EC

FURY GEO

KAPIN 2,5 EC

KARATE ZEON 5 SC

KING

MARKATE 100 CS

SPARVIERO 10 CS

TORNADO 5% EC

MATCH 050 EC

NOMOLT

AHILUS EC

CHLORCYRIN 550 EC

CHLORZAN 48% EC

CHROMOREL D

CHROMOREL P-2

CYREN 5G

DURSBAN 4 E

DURSBAN 4E

DURSBAN G 5

GRIZLI 55 EC

MOREL-D

NURELLE D

PIREL D

PYRINEX 25 MF

PYRINEX 48 EC

CHLORCYRIN 550 EC

CHROMOREL D

CHROMOREL P-2

GRIZLI 55 EC

MOREL-D

NOTIKOR

NURELLE D

PIREL D

REKORD 20 EC