Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Lufenuron; Име на препарат: MATCH 050 EC |
Употреба: MATCH 050 EC e несистемичен ларвицид и овицид (делува на ларвите и на јајцата) од инсектите. Содржи 50 g/L активна метрија луфенурон која припаѓа на групата регулатори на пораст. Делува на тој начин што го инхибира создавањето на хитин поради што не се создава нова кожа (егзоскелет) кај ларвите која е потребан за преслекување на ларвата во следниот стадиум на развој, поради што преслекувањето изостанува. Гасеницата престанува да се храни а потоа изумира. Третираните јајца не се испилуваат. MATCH 050 EC не делува на имагата (возрасните стадиуми на инсекти). КОСКЕСТО ОВОШЈЕ: За сузбивање на јаболков свиткувач (Cydia pomonella) и свиткувач на лушпата од плодот (Adoxophyes orana и Archips spp.) се препорачува концентрација од 0,1 % (100 ml/100 L вода). ВИНОВА ЛОЗА: за сузбивање на сив гроздов молец (Lobesia botrana) и жолт гроздов молец (Eupoecilia ambiguella) во концентрација од 0,1 % (100 ml/100 L вода). КОМПИР: за сузбивање на гасеници од компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) во развоен стадиум L1 – L3 во доза од 0,3 L/ ha (30 ml/1000 m2). ПИПЕРКА (на поле): за суабивање на ларви од пченкин молец (Ostrinia nubilalis) во доза од 2 L/ha (200 ml/1000 m2). ШУМСКИ ВИДОВИ: за суабивање на дабов свиткувач (Tortrix viridana), голем мразовец (Erannis defoliaria) во доза од 0,6 L/ha со авиотретирање и додаток на вода од 4,4 L/ha. Предупредување: MATCH 050 EC може да применува во системите за интегрална заштита таму каде што е забележана појава на резистентност кон другите групи на инсектициди. Каренца: Работна каренца 24 часа. 7 дена за компир и пиперка на отворено. 28 дена за коскести овошни видови. 42 дена за винова лоза. |
Добавувач: „ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Скопје / веб страница Производител: SYNGENTA CROP PROTECTION AG / веб страница |