Опис: Инсект со нежно и меко тело со должина 0, 5 - 0, 6 мм, обоен со нијанси на зелена или црна боја. Карактеристично е што живее во колонии на бескрилни форми, а во поедини фази на развојот се сретнуваат и крилати единки. Постојат околу 1500 различни видови од кој значителен број причинуваат штети на зеленчукот цицајќи ги соковите и пренесувајќи неколку штетни вируси.
Лисните вошки презимуваат во вид на оплодени јајца на повеќегодишните растенија. Напролет од јајцата се опилуваат женки кои осниваат колонии раѓајќи живи ларви без предходно парење. Поради бесполовото оплодување колонијата многу брзо го зголемува својот број. Кога ќе дојде до пренатрупаност крилестите форми ја напуштаат колонијата и преминуваат на друго растение. Со помош на ветерот можат да преминат и десет километри. Колонијата се формира на младите изданоци каде што циркулацијата на соковите е најинтензивна. Нападнатите изданоци се деформираат и изумираат. Тоа се примарните штети настанати со напад на лисни вошки. Секундарните штети настануваат со лачење на тнр. медена роса, односно течниот измет на вошките, која во случај на јак напад се слива и во вид на капки по растението. Така се ствара одлична подлога за габно заболување чадлива краставост која со своите темни мицелии ги покриваат деловите на растението облеани со медовината со што ја попречуваат фотосинтезата. Најголеми штети лисните вошки нанесуваат со пренесување на вируси.
Наесен при крај на вегетацијата крилестите форми ја напуштаат колонијата се парат и несат јајца во пазувите на папките на овошките и повеќегодишните рстенија за презимување.
Сузбивањето на лисните вошки се врши со контактни и системични инсектициди. Контактните се користат при првиот налет пред да ги формираат колониите, а потоа со системични. |
повеќе слики >>
|
|
|