Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Thiacloprid; Име на препарат: CALYPSO SC 480 |
Употреба: CALYPSO SC 480 е системичен, контактен инсектицид кој содржи активна метерија тиаклоприд, 48% наменет за сузбивање на голем број инсекти со устен апарат за џвакање и со устен апарат за смукање. ЈАБОЛКА И КРУША: Во концентрација од 0,02 %, за сузбивање на лисни вошки, јаболкова оса, лисни минери, јаболков смотавец. Потрошувачката на вода треба да изнесува 1500 l/ha (максималната доза за јабока и круша изнесува 0,3 l/ha). ПРАСКА; МАРЕЛИЦА; НЕКТАРИНА: Концентрација од 0,02 % за сузбивање на лисни вошки (максимална дозволена доза е 0,3 l/ha). ЦРЕША: Во концентрација од 0,025 % за сузбивање на лисни вошки (максимална доз аод 0,375 l/ha). КАПИНА И МАЛИНА: Во доза од 0,25 l/ha, со минимална потрошувачка на вода од 500 l/ha, за заштита од стеници на капината, малинин пупар (Byturus tomentosus) со третирање во период помеѓу мај и октомври по појава на штетникот. КОМПИР: Во еднократна доза од 0,1 l/ha или двапати по 0,05 l/ha за сузбивање на компирова златица. ДОМАТ, МОДАР ПАТЛИЏАН, ПИПЕРКА: Концентрација од 0,03 % за сузбивање на лисни вошки со потрошувачка на вода од 1500 l/h. (максимално дозволена доза е 0,45 l/ha). КРАСТАВИЦА, ДИЊА и ЛУБЕНИЦА: Концентрација од 0,02 % за сузбивање на лисни вошки со потрошувачка на вода од 1500 l/ha, (максимално дозволена доза - 0,3 l/ha). ОРЕВ: Доза од 0,25 l/ha, за сузбивање на оревова мува со потрошувачка на вода од 1000 l/ha. Третирањето треба да се изврши во период помеѓу мај и октомври. БАДЕМ и КОСТЕН: 0,375 l/ha, за сузбивање на грини со потрошувачка на вода од 1000 l/ha. Третирањето треба да се направи од април до јуни пред созревање на плодовите. УКРАСНИ РАСТЕНИЈА: Концентрација од 0,025% за сузбивање на лини вошки со потрошувачка на вода од 1500 l/ha (на отворено). За украсни растенија во заштитен простор потребна е доза од 0,450 l/ha за сузбивање на грашков листен минер, калифорниски трипс и палмин трипс со потрошувачка на вода од 1000 l/ha. Спектар на дејство: Anthonomus pomorum, Aphis pomi, Aphididae, Carpocapsa pomonella, Cemiostoma spp., Dysaphis plantaginea, Hoplocampa testudinea, Hyalopterus pruni, Lithocolletis spp., Leptinotarsa decemlineata, Lyonetia clerkella, Meligethes aeneus, Myzus cerasi, Myzus persicae, Phyllocnistis citrella, Thrips spp., Trialeurodes vaporariorumi. Предупредување: Каренца: Домат, модар патлиџан, пиперка, краставица, диња, лубеница, капина и малина - 3 дена; Јаболка, круша, праска, нектарина, цреша - 14 дена; Компир - 21 ден. Орев - 14 дена; За бадем и кестен каренцата е обезбедена со времето на употреба. |
Добавувач: ДПП „АГРОХЕМИЈА“ - Скопје - Скопје Производител: BAYER – Crop Science AG / веб страница |