Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Oxamyl;
Име на препарат: VYDATE 10L

Употреба:

VYDATE 10L e системичен нематоцид кој содржи активна метрија оксамил 100 g/L. Растенијата го усвојуваат преку ксилемот и флоемот. Поради начинот на дејство освен на нематодиде делува и на инсектите со устен апарат за цицање. Се користи за сузбивање на нематодата Meloidogyne sp. кај домат, пиперка, модар патлиџан, краставица, тиквица, диња, лубеница и тутун во затворен простор. Се препорачува доза од 10 - 20 L/ha веднаш по садење или во доза од 10 L/ha, 10 - 14 дена по садење. Да не се употребува 42 дена по садење. Апликацијата треба да се направи преку системот за наводнување (капка по капка). дозволена е една апликација пред расадување, три апликации по расадување кај домат, тутун и модар патлиџан, две апликации по расадување кај пиперка и по една апликација по расадување кај остантите култури. кај тутунот се препорачува доза од 15 L/ha во период на развој на 3 - 5 листа. Кај бананата се употребува за сузбивање на нематодите Meloidogyne sp. и Pratylenchus sp. во доза од 10 L/ha со системот за наводнување капка по капка во периодот кога 50% од плодовите се зрели. Дозволени се до три апликации во годината.


Предупредување:

Интервалот помеѓу два третмана треба да биде од 10 - 14 дена.


Каренца:

домат, модар палиџан - 28 дена; пиперка - 35 дена; краставица, тиквица, диња и лубеница - 50 дена; тутун - 60 дена; банана - 7 дена.



Добавувач: ДПУ „АГРИМАТКО“ ДООЕЛ - Скопје
Производител: DU PONT DE NEMOURS S.A.S