Име на болест: Лисни вошки - Aphididae
Култура: ПИПЕРКИ
Опис: Во оваа фамилија постојат околу 1500 различни видови од кој значителен број прават штети на зеленчукот, ги шмукаат соковите и пренесуваат неколку штетни вируси. Лисните вошки презимуваат во вид на оплодени јајца на повеќегодишните растенија. Напролет од јајцата се опилуваат женки кои основаат колонии раѓајќи живи ларви без предходно парење. Поради бесполовото оплодување колонијата многу брзо го зголемува својот број. Кога ќе дојде до пренатрупаност крилестите форми ја напуштаат колонијата и преминуваат на друго растение. Со помош на ветерот можат да преминат и десет километри. Колонијата се формира на младите изданоци каде што циркулацијата на соковите е најинтензивна. Нападнатите изданоци се деформираат и изумираат. Тоа се примарните штети настанати со напад на лисни вошки. Секундарните штети настануваат со лачење на т. н. медена роса, односно течниот измет на вошките, која во случај на јак напад се слива и во вид на капки по растението. Така се создава одлична подлога за габно заболување чадлива краставост, која со своите темни мицелии ги покрива деловите на растението облеани со медовината со што ја попречуваат фотосинтезата. Најголеми штети лисните вошки нанесуваат со пренесување на вируси. Наесен при крајот на вегетацијата, крилестите форми ја напуштаат колонијата, се парат и несат јајца во пазувите на папките на овошките и повеќегодишните растенија за презимување. Сузбивањето на лисните вошки се врши со контактни и системични инсектициди. Контактните се користат при првиот налет пред да ги формираат колониите, а потоа со системични.



повеќе слики >>

Препарати

BULLDOCK

DECIS EC-2,5

K-Obiol 25 EC

KOBIOL EC-25

RITMUS

BEVETOX 40 E

DANADIM PROGRESS 400 EC

DIMETOGAL

FOSFAMID 40 EC

PERFEKTHION

ROGOR L40

SUMI-ALFA 5 EW

VALERAT 5 EC

KAPIN 2,5 EC

KARATE ZEON 5 SC

KING

MARKATE 100 CS

SPARVIERO 10 CS

TORNADO 5% EC

ETIOL SPECIJAL

ETIOL TECEN

LANATE 20 L

LANATE 25 WP

METHOMEX 90-SP

METOMIL 90 SP

NEOMYL 90 WP

PILARMATE

VYDATE 10L

CALYPSO SC 480

PROTEUS 110 OD

AHILUS EC

CHLORCYRIN 550 EC

CHLORZAN 48% EC

CHROMOREL D

CHROMOREL P-2

CYREN 5G

DURSBAN 4 E

DURSBAN 4E

DURSBAN G 5

GRIZLI 55 EC

MOREL-D

NURELLE D

PIREL D

PYRINEX 25 MF

PYRINEX 48 EC

CHLORCYRIN 550 EC

CHROMOREL D

CHROMOREL P-2

GRIZLI 55 EC

MOREL-D

NOTIKOR

NURELLE D

PIREL D

REKORD 20 EC