Опис: Едногодишно растение високо 30 - 130 cm. Стеблото е исправно влакнесто и на врвот свиткано. Брзо одрвенува. Листовите се јајцевидни влакнести на нерватурата и имаат долги петелки. Рабовите на листовите се слабо набрани. Цветот е исправена класолика метлица која се наоѓа на врвот на стеблото и во пазувите на листовите. Цвета од летото до есента. Се размножува семено. Едно растение произведува 5. 000 - 32. 000 семки кои ја задржуваат ртливоста 6 години. Штирот е доста раширен плевел. Најповеќе расте на хумусни почви, песокливи и почви богати со азот. Јак компетитор со крупниот хабитус ги засенчува културите и ги гуши. Често се јавува во голем број и нанесува големи штети. Преносител е на некој врсти нематоди инсекти и болести. |
повеќе слики >>
|
|
|