Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: Bentazone; Dicamba;
Име на препарат: CAMBIO

Употреба:

CAMBIO e селективен, контактен транслокационен хербицид наменет за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни широколисни плевели кај пченка, пченица и јачмен. Содржи две активни материи бентазон 320 g/L и дикамба 90 g/L. Плевелите го усвојуваат преку коренот и зелените делови. Кај пченица и јачмен се користи во доза од 1 L/ha (10 ml на 100 m2) со третирање од фаза на три листа до појава на прво коленце (13 - 30 BBCH). Кај пченка (силажна и меркантилна) се користи во доза од 2 L/ha (20 ml на 100 m2),со третирање во фаза кога пченката има развиено 3 - 4 листа (13 - 14 BBCH), а плевелите да се во фаза на 2 - 4 листа. Одлично ги сузбива: Abutilon theophrasti, Polygonum spp., штир (Amaranthus spp.), Portulaca oleracea, Ambrosia artemisiifolia, Raphanus raphanistrum, Anagallis arvensis, синап (Sinapis arvensis), Atriplex patula, див домат (Solanum nigrum), Bidens spp., Sonchus arvensis, Bilderdykia convolvulus, Stellaria media, Consolida regalis, Fumaria officinallis, Capsella bursa-pastoris, Hibiscus trionum, лобода (Chenopodium spp.), Thlaspi arvense, Cirsium arvense, Xanthium strumarium, Convolvulus arvensis, Datura stramonium, камилица (Matricaria chamomilla). Нешто послабо дејство има кон Gallium aparine, Lamium purpureum, Rumex acetosella, Urtica urens, Viola arvensis, Veronica persica.


Предупредување:

Средството може да биде фитотоксично ако се примени во комбинација со органофосфорни инсектициди. Отровен е за луѓе, риби, топлокрвни организми и за пчели.


Каренца:

Не се применува.



Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница
Производител: BASF SE Ludwigshafen