Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: Pendimethalin;
Име на препарат: DOST 330 EC

Употреба:

DOST 330 EC е хербицид кој во својот состав содржи 33% активна материја пендиметалин. Наменет е за сузбивање на едногодишни теснолисни и некои едногодишни широколисни плевели во градинраството, овоштарството, лозарството, поледелството, украсните растенија, во расадничкото производство на овошни култури и украсни растенија, тополи и семенски треви. ПЧЕНКА, СОНЧОГЛЕД, ГРАВ, ГРАШОК, СЛАНУТОК, КОМПИР, ТУТУН, - се препорачува во доза од 3,6 - 6 L/ha со потрошувачка на вода од 400 L/ha за грбна прскалка и 200 - 400 L/ha за тракторска прскалка. Апликацијата треба да се направи после сеидба а пред никнење на културата. Се препорачува една апликација во сезона. СОЈА, МОРКОВ, САЛАТА, ЕНДИВИЈА, КАРФИОЛ, - се препорачува во доза од 3 - 6 L/ha со потрошувачка на вода од 400 L/ha за грбна прскалка и 200 - 400 L/ha за тракторска прскалка. Апликацијата треба да се направи после сеидба а пред никнење на културата. Се препорачува една апликација во сезона. ПИПЕРКА, КИКИРИТКА, ЈАБОЛКА, КРУША, ДУЊА, КАЈСИЈА, ПРАСКА, НЕКТАРИНА, ПОРТОКАЛ, ЛИМУН, ГРЕЈПФРУТ, ДИЊА, ПАМУК, - се препорачува во доза од 4 - 6 L/ha со потрошувачка на вода од 400 L/ha за грбна прскалка и 200 - 400 L/ha за тракторска прскалка. Апликацијата кај пиперката, кикиритката и памукот треба да се направи после сеидба а пред никнење на културата а кај останатите култури (јаболка, круша, праска, нектарина, кајсија, дуња, диња,портокал, лимун, грејпфрут) апликацијата треба да се направи помеѓу редовите после берба а пред формирање на плодовите следната вегетациска сезона. СПЕКТАР НА ДЕЈСТВО Adonis aestivalis, Alchemilla arvensis, Alopecurus myosuroides, Amaranthus retroflexus, Anagallis arvensis, Anchusa undulata, Anthemis arvensis, Apera spica - venti, Atriplex patula, Brachiaria brizantha, Brassica campestris, Capsella bursa - pastoris, Cerastium glomeratum, Chenopodium album, Chenopodium hybridum, Chrysanthemum segetum, Datura strumarium, Digitaria sanguinalis, Echinochloa crus - galli, Eleusina africana, Eragrostis cilianensis, Euphorbia spp., Fumaria officinalis, Galeopsis spp., Galinsoga parviflora, Galium aparine, Heliotropium europaeum, Hibiscus trionum, Ipomoea pandurata, Lepidium draba, Matricaria spp., Mercurialis annua, Panicum spp., Papaver spp., Picris echioides, Poa trivialis, Portulaca oleracea, Setaria viridis, Sinapis arvensis, Sonchus spp., Sorghum halepense (sj.), Spergula arvensis, Urtica spp., Veronica spp.


Предупредување:

Се препорачува една апликација во сезона.


Каренца:

Обезбедена со времето на употреба.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ ДОО - Скопје
Производител: VETERINA DOO