Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: 2,4-D;
Име на препарат: DMA EXTRA 600 SL

Употреба:

DMA EXTRA 600 SL е системичен фолијарен хербицид за суабивање на широколисни плевели во пченка, озима пченица и јачмен. Содржи активна метрија 2,4 D, 600 g/L. Се користи во доза од 1 - 1,2 L/ha со потрошувачка на вода од 200 - 400 L/ha. Кај пченицата и јаменот се приемнува од средина на фаза на братење па се до почеток на вретенисување (25 - 30 BBCH). Кај пченката се третира кога посевот има 3 - 4 листа односно висина од 15 - 20 cm. Одлично ги сузбива едногодишните широколисни плевели како овчарска торбичка (Capsela bursa - pastoris), ситноцветната галинсога (Galinsoga parviflora), булката (Papaver rhoeas), дива репица (Raphanus raphanistrum), обичен крстенец (Senecio vulgaris), див синап (Sinapsis arvensis), штир (Amaranthus spp.), попова лажичка (Thlaspi arvense), млечен осот (Sonchus arvensis), дива лобода (Atriplex patula), див пипер (Polygonum spp.), ѕвезданка (Stelaria media), амброзија (Ambrosia elatior). Од повеќегодишните широколисни плевели успешно ги сузбива паламидата (Cirsium arvense), добрејка (Cardaria graba), полски слачец (Convolvulus arvensis), штавел ( Rumex crispus) и др.


Предупредување:

третирањето да се изврши на температура од 5 - 25 степени.


Каренца:

Не се применува.



Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница
Производител: DOW Agro Sciences V.M.B.H