Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: 2,4-D; Име на препарат: U 46-D |
Употреба: Хербицидот U 46-D со активна материја 2,4 D (500 g/L) наменет е за контрола на дикотиледони плевели во озима мека пченица, зимски јачмен, зимски 'рж, тритикале, пролетна мека пченица, пролетен јачмен, пролетен 'рж, ливади и пасишта. Плевелите го апсорбираат преку листовите и преку флоемот го пренесуваат до коренот. Неговото дејство предизвикува нарушување на транспортот на хранливи материи преку флоемот. Се препорачува во доза од 1,5 L/ha во стадиум од 13 - 29 BBCH со потрошувачка на вода од 200 - 600 L/ha. За ливади и пасишта препорачаната доза изнесува 2 L/ha со потрошувачка на вода од 600 - 1000 L/ha. Дозволен е еден третман годишно. Предупредување: Да се заштитат површинските и подземни води од загадување. Каренца: За житни култури не се применува. Каренцата за ливади и пасишта изнесува 28 дена. |
Добавувач: ДПУ „АГРИМАТКО“ ДООЕЛ - Скопје Производител: Nufarm S.A.S. / веб страница |