Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: 2,4-D; Dicamba; Име на препарат: DICOPUR TOP 464 SL |
Употреба: DICOPUR TOP 464 SL е сиатемичен селективен хербицид кој содржи две активни материи 344 g/L 2,4 D и 120 g/L дикамба. Плевелите го апсорбираат преку листовите и го пренесуваат до коренот и до новосоздадените делови. Максимална ефикасност се постигнува при влажно и топло време. Неменет е за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни дикотиледони плевели кај пченка и пченица. Кај пченицата се препорачува во доза од 0,8 - 1 L/ha кога растенијата се во фаза на две ливчиња до појава на првата интернодија а плевелите се во фаза од 2 - 4 листа. Кај пченката се препорачува во доза од 1 L/ha кога растенијата се во фаз од 4 - 6 листа а аплевелите во фаза од 2 - 4 листа (Cirsium <10 cm висина). Потрошувачката на вода треба да биде од 200 - 400 L/ha. Ги сузбива следниве повеќегодишни и трајни дикотиледони плевели: Abutilon theophrasti, Amaranthus retroflexus (обичен штир), Anthemis arvensis, Atriplex spp., Brassica nigra, Capsella bursa pastoris, Centaurea cyanus, Chenopodium album, Cirsium arvense , Convolvulus arvensis, Delphinium consolida, Fumaria officinalis, Matricaria chamo- milla (камилица), Polygonum aviculare, Raphanus spp., Polygonum convolvulus, Rubus caesius , Rumex acetosa, Senecio vulgaris, Sinapis arvensis (див синап), Sisymbrium officinale, Solanum nigrum, Sonchus arvensis, Stellaria media, Vicia spp., Xanthium italicum. Предупредување: Може да предизвика фитотоксичност доколку се меша со алкални препарати. Каренца: Не се применува |
Добавувач: ДПУ „АГРИМАТКО“ ДООЕЛ - Скопје Производител: Nufarm S.A.S. / веб страница |