Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: Pendimethalin;
Име на препарат: STOMP 330 E

Употреба:

STOMP 330 E е почвен хербицид за сузбивање на едногодишни тревни и широколисни плевели. Се употребува во поледелството кај пченка, соја, сончоглед, компир, пченица и тутун како и во градинарството кај кромид, зелка, домат и пиперка. Содржи активна метриај пендиметалин, 330 g/L. Успешно ги сузбива едногодишните теснолисни плевели како крвавото прстенесто просо (Digitaria sanguinalis), дивото просо (Echinochloa crus - galli), сив мувар (Setaria glauca), зелен мувар (Setaria viridis), лисичја опашка (Alopecurus spp.). Од едногодишните широколисни плевели успешно ги сузбива ситноцветната галинсога (Galinsoga parviflora), штир (Amaranthus retroflexus), дива лобода бела (Chenopodium album), лепавец (Gallium aparine), обична толчница (Portulaca oleracea), полско лутиле (Ranunculus spp.), див синап (Sinapsis arvensis), едногодишен чистец (Stachys annua), ситноцветно велигденче (Veronica persica). Задоволително ги сузбива едногодишните теснолисни плевели како ветрушка (Aspera sioca venti) и лисичја опашка (Alopecurus myosuroides) и едногодишните широколисни плевели како лобода (Atriplex patula), кисела трева (Cyperus rotundus), дива бамја (Hibiscus trionum), камилица (Matricaria camommila), булка (Papaver rhoeas), див пипер (Polygonum spp.), млечен осот (Sonchus arvensis), ѕвезданка (Stelaria media), попова лажичка (Thlaspi arvense), голем слез (Abuthilon theophrasti) и амброзија (Ambrosia artemisifolia). Мошне слабо ги сузбива татула (Datura stramonium), див домат (Solanum nigrum) и чичката (Xanthium strumarium). Кај пченката, сојата, компирот и сончогледот се применува после сеидба а пред никнење на културата. За лесни почви дозата е 4 - 4,5 L/ha; за средно тешки почви од 4,5 - 5,5 L/ha а за тешки почви од 5,5 - 6 L/ha. Кај кромидот се употребува после сеидба а пред садење во доза од 5 L/ha. Кај домат пипрка и зелка (од расад) се користи пред расадување во доза од 5 L/hа. Кај пченицата после никнење а пред братење во доза од 4 - 5 L/ha. Кај тутунот треба да се аплицира пред расадување во доза од 5 - 7 L/ha. STOMP 330 E ефикасно ги сузбива и филизите кај тутунот. За таа цел треба да се котисти во концентрација од 0,4 - 0,5 % активна материја, односно 1,25 - 1,6 L препарат на 100 L вода. потрошувачката на вода треба да биде од 400 - 500 L/ha.


Предупредување:

Хербицидното делување во почвата трае 2 - 3 месеци. Во случај на пресејување може да се сее пченка а 3 месеци од третирањето било која култура каде што се употребува. Не се употребува во стакленици и пластеници.


Каренца:

Не се применува.



Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница
Производител: BASF AGRO B.V / веб страница