Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: Glyphosate;
Име на препарат: OXALIS

Употреба:

OXALIS e тотален, неселективен хербицид кој содржи 360 g/L активна материја глифосат. Се употребува за сузбивање на секаков вид на плевели кај различни култури. Општиот третман, пред садење/сеидба на културата за сузбивање на едногодишни плевели вклучува доза од 3 L/ha, за едногодишни и двогодишни широколисни плевели 6 L/ha а за сузбивање на повеќегодишни плевели 7 L/ha. Кај пченица, јачмен, тритикале, овес, гав и грашок за сузбивање на сите видови на плевели се препорачува доза од 4 - 6 L/ha, 7 дена пред жетва, еднаш во текот на вегетацијата. Кај виновата лоза и овошни видови со исклучок на киви и коскести овошни видови се препорачува доза од 5 L/ha или 4 L/ha за сузбивање на едногодишни плевели, 6 L/ha за сузбивање на едногодишни и двогодишни плевели и 8 L/ha за сузбивање на повеќегодишни плевели, 21 ден пред берба. На пример кај цреша и слива може да се употреби доза од 5 L/ha, еднаш годишно во период после берба но пред појавата на беки пупки. За сузбивање на плевели во овоштарници на јаболка и круша се препорачува доза од 5 L/ha, еднаш годишно, после берба до период на појава на зелени изданки. Кај лен и маслодајна репка се препорачува доза од 4 L/ha, еднаш во сезона, 14 дена пред собирање на реколтата.


Предупредување:

Да не се загадуваат подземните и површински води.


Каренца:

Обезбедена со времето на употреба



Добавувач: ДПТУ „ФИТОФАРМАЦИЈА МА“ ДООЕЛ, Скопје - Скопје
Производител: ARYSTA LifeScience / веб страница