Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: Dimethenamid-P; Pendimethalin;
Име на препарат: WING-P

Употреба:

Препаратот WING-P е двокомпонентен хербицид со активни материи пендиметалин и диметенамид. Наменет е за сузбивање на теснолисни и широколисни плевели кај пченка, сончоглед, грашок, сточен грашок, грав, соја, после сеидба а пред никнење на културата (00 - 09 BBCH) во доза од 4 L/ha со потрошувачка на вода од 100 - 400 L/ha. Во текот на вегетација може да се користи кај пченка, сончоглед, грашок, кромид, лук и арпаџик исто така во доза од 4 L/ha со потрошувачка на вода од 100 - 400 L/ha. кај пченката во фаза од 1 - 8 листови (11- 16 BBCH). Кај сончогледот во фаза од 2 - 8 листови (12 - 18 BBCH). Кај грашокот во фаза од формирана прва тролиска до трета тролиска (11 - 16 BBCH). Кај кромид, арпаџик и лук од развиен прв лист до развиен трет лист (10 - 18 BBCH). Успешно ги сузбива широколисните плевели: татула (Datura stramonium), (Persicaria spp.), штир (Amaranthus spp.), (Chenopodium album), камилица (Matricaria chamomila), Portulaca oleracea, амброзија (Ambrosia artemisifolia), Chenopodium hybridum, gallium aparine, raphanus raphanistrum, Hybiscus trionum, див синап (Sinapsis alba), Fallopia convolvulus, Atriplex patula, Strachus recta. Од теснолисните плевели успешно ги сузбива Setaria pumila, Sorghum helepense, дивото просо (Echinocloa crus-galli), крвавото прстенесто просо (Digitaria sangunalis), Panicum miliaceum, Avena fatua, Setaria viridis.


Предупредување:


Каренца:

Не се применува.



Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница
Производител: BASF SE Ludwigshafen