Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Mesotrione; Име на препарат: CALLISTO 480 SC |
Употреба: Селективен системичен хербицид кој се употребува за сузбивање на едногодишни широколисни плевели и за намалување на заплевеноста со едногодишни тревни плевели во пченката за зрнио и силажа. Добро делува на следните плевели: Полски мошник (Thiaspi arvense), Европски мрачник (Abutilon theophrasti), Пелинолисна амброзија (Ambrosia artemisifolia), Обичен кужник (Datura stramonium), Бутрак (Xanthium trumarium), Полски синап (Sinapis arvensis), Самоникнат сончоглед, полско спомениче (Myosotis arvensis), oбична димјарка (Fumaria officinalis), Обична коница (Galinsoga parviflora, Chenopodium spp.), Обичен крстенец (Senecio vulgaris), Самоникнат компир, чворест смрдељ (Galeopsis tetrahit), дива ротка (Raphanus raphanistrum), Овчарска торбичка (Capsella bursa-pastoris), дворник (Polygonum spp.), Персиска вероника (Veronica persicaria), Обична киселица (Rumex acetosa), црн зрнец (Solanum nigrum), Мртва коприва (Lamium spp.), обична мала ѕвездичка (Stellaria media), Пиреј (Vicia spp.). Препаратот ја намалува заплевеноста и од следните видови: Костен (Еchinocloa crus-galli), голем плевел (Digitaria sanguinalis) Исто така, го спречува развојот на следните плевели: полска прлишка (Еquisetum arvense), Голема повивка (Calystegia sepium), полска бодлика (Cirsium arvense). Незадоволително ги сузбива следните плевели: Глувчешко опавче (Alopecurus myosuroides), Мувоморка (Setaria spp.), Јарка дива зоб (Avena fatua), Bromus spp., Aspera spica venti, Едогодишна ливадарка (Poa annua), меурест хибискус (Hibiscus trionum). Се применува после сеидба, а пред никнeње на пченката и плевелот во количина од 0,25-0,3 L/ha (25-30 mL/1000 m2), кај пченка, после никнeње, во стадиуим од 2-6 листа (ВВСН 12-16) во количина од 0,15-0,25 L/ha (15-25 mL/1000 m2). Предупредување: При третирање треба да се спречи загадување на водотеците, бунарите, езерата и изворите.Третирањето од авион не е дозволено. Каренца: |
Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница |