Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Glyphosate; Име на препарат: TOUCHDOWN SISTEM 4 |
Употреба: Системичен неселктивен хербицид за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни теснолисни и широколисни плевели во овштарниците и лозовите насади, кај житариците пред жетва, на пасишта, неземјоделски површини и железнички пруги за прекинување на вегетацијата на ќитата. Се употребува за сузбивање на едногодишни плевели во доза од 2-3 L/ha а за сузбивање на повеќегодишни плевели во доза од 4 L/ha. За сузбивање на теснолисни плевели (Elymus repens), киселец (Rumex obtusifolius) и глуварче (Taraxacum officinale) се препорачува доза од 5 L/ha за сузбивање на (Sirghum halepense) и (Cirsium arvense) препорачаната доза е 7-8 L/ha како и за сузбивање на троскот (Cynodon dactilon и Convolvulus arvensis). Наведените дози се употребуваат при потрошувачка на вода од 150-200 L/ha. Во случај на зголемена заплевеност, потрошувачката на вода треба да се зголеми на 300-400 L вода/ha. Се третира во фаза на интензивен раст, односно пред цветањето на плевелите, со напомена дека третираниот плевел не смее да се обработува најмлку 2-3 седмици. За сузбивање на вегетацијата покрај железничките пруги се употребува во доза од 4-5 L/ha за сузбивање на едногодишни и некои почувствителни видови повеќегодишни плевели а 5-8 L/ha за сузбивање на останати видови повеќегодишни плевели, вклучително и на некои поупорни, какви што се Cynodon dactilon, Convolvulus arvensis и Рubus spp. Потрошувачката на вода кај плевели до висина од 50 cm и нормална густина не треба да надмине 200-300 L/ha. За сузбивање на плевели пред жетва и/или прекинување на вегетација на житата (Пченица, јачмен, овес, `рж, тритикале), се употребува во доза од 3 L/ha, а може да се третира 7-14 дена пред жетва. Предупредување: На иста површина може да се употребува само еднаш во текот на една сезона. Особено внимание да се посвети кај млади насади со низок систем на одгледување. Средството не смее да се користи кај овошни садници помлади од 2 години и лозја помлади од 4 години. Каренца: |
Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница |