Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Isoproturon; Pendimethalin; Име на препарат: MARATON 375 SC |
Употреба: Maraton 375 SC е хербицид во форма на концентрат на суспензија наменет за контрола на едногодишни дикотиледони и монокодиледони плевели во зимска пченица, тритикале, рж. Содржи две активни материи пендиметалин, 250 g/L и изопротурон, 125 g/L. Најголема ефикасност се постигнува кога се третира во раните фенофази од развојот на плевелите односно од фаза на ртење до фаза на два развиени листа. максимално дозволената доза изнесува 4 L/ha со потрошувачка на вода од 200 - 300 L/ha. Најдобро е да се употребува на есен по сеидба но пред никнење на културата а најдоцна до развиени 1 - 2 листа. Ефектите од неговото дејство можат да се забележат 3 - 4 недели по апликацијата. Спектар на дејство: Viola arvensis, Stellaria media, Lamium amplexicaule, Chenopodium album, Papaver rhoeas, Tripleurospermum maritimum, Apera spica-venti, Veronica hederifolia, Veronica persica, Veronica arvensis, Galium aparine, Fallopia convolvulus, Anthemis arvensis, Matricaria chamomilla, Descurainia sophia, Capsella bursa pastoris, Thlaspi arvense. Предупредување: На површините третирани со MARATON 375 SC не се препорачува да се одгледуваат репка, зелена салата, кромид и сл. По оране со длабочина од 15 cm може да се одгледува луцерка, грашок, пролетна пченица и пченка. Препаратот не треба да се користи кај растенија ослабе4ни од болести или растенија кои се под стрес. Не треба да се аплицира на влажни растенија или доколку се очекува дожд или мразеви под -2 ºC. Каренца: Производот се распаѓа во текот на сезоната и не претставува закана за културата. Затоа каренцата не се применува. |
Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница Производител: BASF SE Ludwigshafen |