Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Pendimethalin; Име на препарат: MOST MIKRO 365 SC |
Употреба: MOST MIKRO 365 SC е хербицид кој во својот состав содржи активна материја пендиметалин, 365 g/L. Наменет е за сузбивање на треви и широколисни плевели во зимска пченица, зимски и пролетен јачмен, зимски рж, тритикале, компир, сончоглед, грашок и силажна пченка. Кај зимската пченица и јачмен, тврдата пченица, рж и тритикале се препорачува доза од 3,6 L/ha пред листовите да ја достигнат фазата GS 30. Кај пролетен јачмен, сончоглед, компир и грашок се препорачува доза од 3,6 L/ha во период пред садење на културата. Кај пченката за силажа се препорачува доза од 4 L/ha во период на развој на четвртиот лист (GS - 14), Дозволен е еден третман годишно. Потрошувачката на вода треба да изнесува 200 L/ha. За активирање на MOST MIKRO 365 SC потребно е почвата да биде влажна или да паднат врнежи најдоцна 7 дена по апликацијата. Предупредување: Да не се употребува во почви со повеќе од 10 % органска материја. Каренца: Не се применува. |
Добавувач: ДОО ЕУРОФАРМ ИНТЕРНАЦИОНАЛ - Богданци Производител: SIPCAM S.P.A. / веб страница |