Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: Bentazone;
Име на препарат: BASAGRAN 480 SL

Употреба:

BASAGRAN 480 SL e хербицид наменет за сузбивање на широколисни плевели кај ориз, соја, пченка, грав, грашок, луцерка и компир. Содржи активна метрија бентазон, 480 g/L. Ги сузбива следниве едногодишни широколисни плевели: обичен штир (Amaranthus retroflexus), штир (Amaranthus blitoides), лобода (Chenopodium album), црвена видовчица (Anagolis arvensis), татула (Datura stramonium), див морков (Daucus carota), галица (Galium aparine), лубеничарка (Hibiscus trionium), камилица (Matricaria cammomila), ситно цветно споменче (Myosotis arvensis), птичји дворник (Polygonum arviculare), голем дворник (Polygonum lapathifolium), обично лутиче (Ranunculus arvensis), синап (Sinapis arvensis), див патлиџан (Solanum nigrum), обична чичка (Xanthium strumarium). Oд повеќегодишните широколисни плевели гo сузбива обичниот маслачек (Teraxacum officinale). Кај оризот се препорачува во доза од 2 - 4 L/ha (20 - 40 ml на 100 m2) кога оризот е во фаз на братење. Пред третирање водата од нивите се испушта а по 1-2 дена пак се пушта. Кај пченката се препорачува во доза од 3 - 4 L/ha (30 -40 ml на 100 m2) по никнење на пченката а кога плевелите се во фаза на развиени 2 - 6 листа. Кај сојата се користи истата концентрација од 3 - 4 L/ha (30 -40 ml на 100 m2) кога сојата има од 1 - 3 листа а плевелот е во фаза на развиени 2 - 6 листа. Кај компирот се препорачува во доза од 2 - 3 L/ha кога растенијата се со висина од 10 - 15 cm а плевелот има развиено од 2 - 6 листа. Кај гравот се препорачува доза од 1,5 - 2,5 L/ha во фаза кога е развиена втората тролиска па се до пред цветање а плевелите имаат од 2 - 4 листа. Кај грашокот препорачаната доза изнесува 3 - 4 L/ha кога културата има 8 - 10 cm висина а плевелите имаат 2 - 6 листа. Кај луцерката во доза од 3 L/ha кога таа има висина од 10 - 15 cm а плевелите од 2 - 6 листа. Се препорачува потрошувачка на вода од 200 - 400 L/ha.


Предупредување:

Да се заштитат водите од загадување.


Каренца:

42 дена за грашок, грав и компир. 63 дена за пченка, соја, ориз и луцерка.



Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница
Производител: BASF SE Ludwigshafen