Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Pendimethalin; Име на препарат: STOMP AQUA |
Употреба: STOMP AQUA e селективен контактен и почвен хербицид кој се употребува за сузбивање на едногодишни теснолисни и за намалување на заплевеноста од широколисни плевели во овоштарството, лозарството, градинарство, поледелство, индустриските култури и украсни растенија. Содржи активна метрија пендиметалин, 455 g/L. се применува во доза од 2 - 4,3 L/ha со потрошувачка на вода од 200 - 600 l/ha кога растенијата се во развоен стадиум од 30 - 65 BBCH. ЈАБОЛКА, КРУША, ПРАСКА, НЕКТАРИНА, КАЈСИЈА: прскање меѓу редовите со во период на мирување на вегетацијата пред никнење на плевелите во количина од 2,5 - 3 L/ha. ВИНОВА ЛОЗА: Во количина од 2,5 - 3 L/ha за време на мирување на вегетацијата а пред никнење на плевелите. ЈАГОДА: пред садење на отворено со инкорпорација во почва или во насад за време на мирување на вегетацијата во количина од 2,5 - 3,0 l/ha. МОРКОВ: после садење а пред никнење на културата во доза од 2,0 - 2,5 L/ha. ЛУК и КРОМИД: по никнење на културата во стадиум 10 BBCH 10 со доза од 2,5 – 3 L/ha. ДОМАТ, ЗЕЛКА, БРОКУЛА, КАРФИОЛ и ЗЕЛЕНА САЛАТА: пред расадување на културата со инкорпорација во почва во доза од 2,5 – 3 L/ha. АРТИЧОКИ: пред расадување на културата со инкорпорација или во насад за време на мирување на вегетацијата (пред пораст на културата) и пред никнење на плевелите во доза од 2 - 2,5 L/ha. ГРАШОК: после сеидба а пред никнење на културата во доза од 2,5 - 3 L/ha. ПАМУК: пред сеидба со инкорпорација или после сеидба а пред никнење на културата во доза од 3,6 - 4,3 L/ha. СОНЧОГЛЕД и СОЈА: после сеидба а пред никнење на културата во доза од 2,5 – 3 L/ha. КОМПИР: после сеидба а пред никнење на културата во доза од 2,5 - 3 L/ha. ТУТУН: пред пресадување на културата со инкорпорација во почва во доза од 2,5 – 3 L/ha. ПЧЕНИЦА, ЈАЧМЕН; РЖ и ПЧЕНКА: после сеидба а пред никнење на културата во доза од 2,5 – 3 L/ha. УКРАСНИ РАСТЕНИЈА: после пресадување со прскање помеѓу редовите пред никнење на плевелите во доза од 2 - 3 L/ha.Спектар на дејство: обичен штир (Amaranthus retroflexus), срцелистен штир (Amaranthus hybridum), овчарска торбичка (Capsella bursa-pastoris), дива бела лобода (Chenopodium album), обично влакнесто просо (Echinochloa crus-galli), толчница (Portulaca oleracea), полско лутиче (Ranunculus arvensis), сив мувар (Setaria glauca), див синап (Sinapis arvensis), чистец (Stachys annua) и велигденче (Veronica hederifolia). Задоволителна ефикасност покажува кон: нивска лубеничарка (Hibiscus trionum), камилица (Matricaria chamomila), дива пиперка (Polygonum spp.), полски осот (обичен костреш) (Sonchus oleraceus) и i mišjakinja (Stellaria media). Takođe dobro deluje i na palamidu (Cirsium arvense) koji je zaustavljen u porastu, ali nije eliminisan. Предупредување: При употреба на максимално препорачаните количества од Stomp® Aqua, во зависност од плодноста на почвата можна е појава на пролазно каснење на порастот на растенијатапосебно во услови на висока влажност на воздухот и ниски температури. Stomp® Aqua може да се меша со препарати на база на: dimetenamid-P, linuron, metazahlor, terbutilazin, topramezon, dikamba и fl ufenacet. Дозволена е една апликација годишно. Каренца: |
Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница Производител: BASF AGRO B.V. / веб страница |