Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Glyphosate; Име на препарат: DOMINATOR |
Употреба: DOMINATOR e неселективен хербицид наменет за сузбивање на повеќегодишни теснолисни и широколисни плевели. Содржи 480 g/L активнa материја глифосат. Употреба со потрошувачка на вода од 200-600 L/ha: На стрништа во доза од 8-10 L/ha,кога плевелите ќе развијат доволно лисна маса и висина од 15-40 cm, пред цветање и во фаза на цветање. Во лозови насади и овоштарници (јаболка, круша, слива, вишна, кајсија и маслинка) се употребува во доза од 2 - 4 L/ha за сузбивање на едногодишни плевели и доза од 4 - 8 L/ha за сузбивање на повеќегодишни плевели. Доза од 8-12 L/ha за сузбивање на повеќегодишни плевели со многу длабок корен или ризоми, во полна вегетација. За преджетвено сузбивање на плевели кај житни култури (пченица, јачмен, овес) и за десикација на маслодавна репка се препорачува доза од 2 - 4 L/ha. Апликацијата треба да се направи најдоцна 14 дена пред жетва на житните култури или маслодавната репка. На необработени површини се препорачува во доза од 5 - 12 L/ha, со примена во време на полна вегетација. Примена со намалена потрошувачка на вода (100 - 200 L/ha): пред подготовка на почвата за садење/сеење на пченка, сончоглед и компир како и после жетва/берба на градинарски култури, во лозови насади и овоштарници (јаболка, круша, кајсија, слива, вишна, маслинка) се препорачува во дози од 1,5-2 L/ha за сузбивање на едногодишни тревна и широколисни плевели кога се во висина од 5 - 10 cm и доза од 2 - 3 L/ha за сузбивање на Agropyron repens кога е во висина од 10 - 25 cm. Доза од 3 - 4 L/ha за сузбивање на нивската паламида (Cirsium arvense) кога е во стадиум на полна розета (висина од 15 - 25 cm) и дивиот сирак (Sorghum halepense) кога е во висина од 15 - 30 cm. Доза од 5 - 6 L/ha за сузбивање на полски слачец (Convolvulus arvensis) кога е во висина од 20-40 cm. Доза од 5 L/ha за сузбивање на обичниот троскот (Cynodon dactylon) кога е со висина од 10 - 25 cm,во сплит апликација, два пати по 2,5 L/ha. Употреба со грбна прскалка: Кога препаратот DOMINATOR се употребува со грбна прскалка за третирање на мали површини (околу оградиконцентрација од 2% (2 dcl на 10 L вода) за сузбивање на повеќегодишни плевели. Предупредување: Дозволени се до две третирања во сезона освен за преджетвено сузбивање на едногодишни плевели кога е дозволено само едно третирање во сезона. Каренца: Обезбедена со времето на употреба. |
Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница Производител: DOW Agro Sciences V.M.B.H |