Опис: Првите симптоми се јавуваат на листовите од младите растенија во леите, иако растенијата можат да бидат нападнати во било која фаза. Листовите од младите никулци покажуваат едно влажно гниење по периферијата и врвовите, со една воденестовлажна зона што го одвојува ткивото шт гние од здравото ткиво. Целиот лист или делови од него можат да гнијат. Најчести симптоми се јавуваат на листовите на растенијата во поле и се состојат од тркалезни, светлозелени дамки. Во текот на еден или повеќе денови, центрите на дамките стануваат кафеави и можат да бидат обиколени со еден жолтеникаво - зелен ореол. Како што напредува болеста, кафеавите дамки се зголемуваат. За заштита се препорачува одгледување на отпорни сорти, стерилизација на почвата и хемиски третман.
|
повеќе слики >>
|
|
|