Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Cymoxanil; Famoxadone; Име на препарат: EQUATION PRO WG |
Употреба: Препаратот EQUATION PRO WG претставува комбинација од две активни материи: фамоксадон (225 g/kg) и цимоксанил (300 g/kg). Активната материја фамоксадон делува превентивно и контактно и го спречува образувањето на зооспори. Делумно навлегува во кутикулата на листот поради што не може да биде испран од дождовите и го спречува ртењето на спорите. Активната материја цимоксанил дејствува куративно и го спречува растот на мицелијата и спорулацијата. Брзо навлегува и рамномерно се распространува во листовите спречувајќи го ширењето на габата во растителните ткива и настанокот на инфекција. Препаратот EQUATION PRO WG се употребува за сузбивање на пламеница (Plasmopara viticola) кај виновата лоза. Може да се употребува од појавата на шестиот лист па се до еден месец пред берба. препорачаната концентрација изнесува 0,4 kg/ha, односно 4 g/100 m2 во интервал од 10 -12 дена. Доколку се појават поволни услови за развој на болеста интервалот на третирање може да се скрати на 7 - 8 дена. Посебно е ефикасен за заштита на гроздовите кај виновата лоза. Кај компирот исто така се користи за сузбивање на пламеница (Phytophthora infestans) во доза од 0,4 kg/ha во интервал од 8 - 10 дена. При поволни услови за развој на болеста интервалот на третирање може да се намали на 7 дена. Може да се примени од никнење на компирот па се до 14 дена пред вадење од почвата. Кај доматот исто така се употребува за сузбивање на пламеница (Phytophthora infestans) и црна дамкавост (Alternaria solani) во доза од 0,4 kg/ha во интервал од 8 - 10 дена а по потреба интервалот може да се намли на 7 дена. Кај доматот може да се употреби во периодот пред цветање па се до 3 дена пред берба. Препорачаната потрошувачка на вода кај виновата лоза изнесува од 600 - 1000 L/ha a кај компирот и доматот од 200 - 400 L/ha. куративното третирање треба да биде максимално 2 - 3 дена по настанокот на инфекцијата кај виновата лоза и 1 ден по настанокот на инфекцијата кај компирот и доматот. Предупредување: Листовите кои се формирале после третирањето со EQUATION PRO WG не се заштитени. Дозволени се 3 - 4 третирања во текот на една година на иста површина. EQUATION PRO WG се апсорбира 2 часа по аплицирањето. Доколку заврне дожд во рокот на овие два часа, неговата ефикасност се намалува и потребно е третирањето да се повтори. Компатибилен е со повеќето препарати кои имаат неутрална и кисела реакције како пенконазол, хексаконазол, фенаримол, дифеноконазол, ипродион, винклозолин, метомил, фенвалерат, ламбда-цихалотрин, флусилазол, триадименол, пирифенокс, динокап+пенконазол, тралометрин, флуфеноксурон, делтаметрин, паратион-метил, фенвалерат+фенитротион и B. thurigiensis. Не треба да се меша со препарати кои имаат алкална реакција. За заштита од фитотоксичност се препорачува пробно тестирање на помала површина. Во случајот на подготовка на микс од препарати во резервоарот од прскалката, редоследот на додавање на препаратите во прскалката треба да биде следниов: 1. Водорастворливи кесички (WSB) 2. Водорастворливи гранули (SG) 3. Вододисперзибилни гранули (WG, DF, PX/SX) 4. Прашок за растворање (WP) 5. Концентрирана суспензија (SC) 6. Суспензирана емулзије (ЅЕ) 7. Емулзија во вода (EW) 8. Концентрат за емулзија (ЕС) 9. Концентриран раствор (ЅL) 10. Aѓуванти, наквасувачи, масла 11. Растворливи ѓубрива 10. Средства за спречување на дрифт Каренца: 28 дана за винова лоза, 14 дана за компир, 3 дана за домат. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: DU PONT DE NEMOURS S.A.S |