Опис: Болест која со се почеста појава го загрозува производството на домати. Симптомите се на сите надземни делови, листовите имаат влажнозелени и ситни дамки, кои понатаму стануваат црни или чадливи. Дамките се обрабени со жолтеникав ореол. Нападнатите листови се сушат и опаѓаат. Инфекцијата може да се прошири и на лисните дршки, стеблото и плодот. На стеблото има влажни дамки со кафеава средина. На цветовите има ситни црни дамки. На плодовите дамките се вдлабнати, сјајно црни и се ситни. Дамките пукаат и се во вид на красти и околу дамката се забележува жолта боја. Оптимална температура за развој е 20 - 250C, минимална е 30C, а максимална е 330C. Интензивно се развива на pH 7, 4 - 7, 6. Високата релативна влажност и силни дождови со силен ветар позитивно влијаат за развој на болеста. Бактеријата се задржува на површината на семето и во многу заразени растителни остатоци и плевели домаќини на паразитот. Најдобра заштита се постигнува со примена на превентивни мерки како уништување на оболените делови од растението, плодоред, дезинфекција на почвата, сеење на здраво семе и одгледување на отпорни генотипови. Хемиската заштита е со ограничена ефикасност кога се во прашање бактериските заболувања. |
повеќе слики >>
|
|
|